Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОД БУДИМПЕШТА ДО ОХРИД: Еве за што преговара Николоски
Економија

ОД БУДИМПЕШТА ДО ОХРИД: Еве за што преговара Николоски

06/05/2025

AA

Преговараме со Визер да ја отвори линијата Будимешта – Охрид. Сметаме дека таа е поатрактивна бидејќи има што да понуди охридското крајбрежје за туристите. Во меѓувреме развиваме нов модел на привлекување на нови авиолинии и сметаме дека тој модел ќе донесе најмалку десет, а потенцијaлно и дваесет нови дестинации, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во утринското интервју на Радио Лидер.

Тој потенцира дека сегашниот модел на субвенции на патници во доаѓање ги дава резултатите,  а тоа се десет нови линии за неколку месеци.

“Со луѓето од министерството работам на нов модел, не сакам да ветувам но мислам дека ќе донесе најмалку десет, а потенцијално и до дваесет нови дестинации за краток временски период. Моделот е сакаме да ги зголемиме субвенциите. Во моментов плаќаме по патник во доаѓање за некој  што би слетал во Скопје по 9 евра, а некој што би слетал во Охрид плаќаме по 12 евра. Подготвени  сме да одиме нагоре под услов компанијата да отвори најмалку 10 дестинации во исто време, но да го довршиме па ќе зборуваме за ова”- рече вицепремиерот Николоски.

Во однос на поврзување на Будимпешта со Охрид, тој истакна дека во моментов се преговара со Визер за воспоставување на оваа линија, како поатрактивна во однос на скопскиот аеродром.

“Будимпешта – Скопје, беше единствената линија за која Визер добивале субвенции од унгарската влада, субвенциите завршија, за жал бројот на патници е мал и затоа таа линија се укина. Ние разговараме со компанијата Визер, бидејќи најголемата база им се наоѓа во Будимпешта, да отворат линија за Охрид. Мислиме дека ќе биде поатрактивна бидејќи туристичкиот потенцијал е далеку поголем, а во однос на комерцијална смисла, Будимпешта не беше атрактивна за Скопје бидејќи има две поблиски дестинации Виена и Братислава кон кои што се лета од Скопје, а од Македнија нема толку патници да се опслужуваат во радиус од два часа на три аеродроми”-објасни вицепремиерот Николоски.

Тој потенцира дека чартер летовите на “Фрибирд” се силен инпут за зголемување на авиосообраќајот, а со тоа и директно за туризмот бидејќи секојдневно на скопскиот аеродром слетуваат по најмалку 180 туристи. Амбицијата, според вицепремиерот Николоски е најмалку два чартери дневно на охридскиот аеродром. 

“Амбицијата е следната година да слетуваат најмалку два авиони и да слетуваат во Охрид, што значи дека секој ден ќе имаме по двесте нови туристи. Тие остануваат по најамлку 4 дена што значи имате по 800 туристи во охридското крајбрежје во неатрактивни месеци кои ги полнат хотелите, рестораните и чаршијата. Голем инпут е и Туркиш ерлајнс, број еден авиокомпанијата во светот, лета од најголемиот аеродорм во Европа за Охрид. Така што на охридскиот аеродром драстично се гледа разликата”- изјави вицепремиерот Николоски.

Тој потенцира дека во моментов има конекции кон 64 дестинации, од кои 56 од скопскиот и 8 од охридскиот аеродром, што е сериозен успех на Владата и концесионерот ТАВ. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy