Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Фактор анализа ШТИП 2024: Штипјани знаат да прават бизнис! Кои се најуспешните компании во „Градо под Исаро“?
Економија

Фактор анализа ШТИП 2024: Штипјани знаат да прават бизнис! Кои се најуспешните компании во „Градо под Исаро“?

06/05/2025

AA

Штип може да се пофали дека најголемата компанија со
седиште во најголемиот град на македонскиот исток е домашно поседувана. И не
само тоа. Основана е локално, домашен гринфилд и понатаму расте. Во штипската
економија значајно место имаат странските гринфилд инвестиции, но и други
домашни реномирани и етаблирани компании.

Штип е
најголемиот град во Источна Македонија. Градот под Исарот, ридот што го дели
градот и славното Ново Село, бил и е политички,
економски, културен, музички и спортски, образовен и здравен центар на
целиот македонски исток.
Штип има универзитет, клинички центар, еден од најпознатите музички фестивали,
го има најслушаното национално радио. Штип е и гурмански центар зашто цела
Македонија, но и регионот ја знаат, признаваат и конзумираат штипската
пастрмајлија. 

Штип секогаш бил источниот светилник за македонската
национална борба за независност. Особено од времето кога во него учителствувал Гоце Делчев, најголемиот наш
револуционер, а во него се родени и делувале и најголемиот војвода на организацијата,
контроверзниот Тодор Александров и „гуруто“ на балканскиот тероризам и
веројатно најконтроверзниот роден Македонец со бугарска самосвест – Ванчо Михајлов. Штип е горд како град
во кој е роден еден од најголемите македонски поети Ацо Шопов. 

Во најновата
историја на независна Македонија Штип е градот што дал еден претседател и двајца премиери на нашата независна држава, еден
голем генерал, еден светски признат кардио хирург, но и мнозина општественици,
дејци и творци. Штип е градот што изнедрил носител на олимписки медал во борење
слободен стил, а го трасирал и патот на ексјугословенската фудбалска легенда
Шекуларац кој играл во штипска „Брегалница“.

Економски гледано Штип
не е македонски Манчестер иако некогаш и
бил. Штипската економија
порано била базирана на текстилните гиганти и нивните добавувачи и супортери.
Сега сликата е многу поразлична, иако Штип и сега има силна текстилна
индустрија. Во последниве години економска локомотива на штипската
композиција е 
силната метална индустрија, национален кабелски и
интернет оператор, големи дистрибутерски и трговски компании. Штип има и
неколку големи и силни компании за логистика и за товарен транспорт.

Кои се најголемите штипски компании?

Индустријата за метални конструкциии „Актива“ е број еден
според приходи. Од регистарот на компании кои 2024 година ја завршиле со
добивка таа е фирма и со најголем број вработени, вкупно 526 лица на крај на
2024 година.

За нијанса помал приход има странската инвестиција за
термички компоненти наменети за бојлери – „Кондево“ од Италија.

По „Актива“ најголема штипска домашно и локално
поседувана компанија е „Оаза Екстра – Скопско“ која интегрира производство,
дистрибуција и трговија, угостителство.

Во најголемите пет штипски компании според приход се уште
странскиот гринфилид „Техникал Текстајлс“ кој е специјализиран за примена на
фиберглас во авионска, градежна и автомобилска индустрија и веројатно
најголемата компанија за логистика на македонскиот исток – Квенбергер.

Во најголемите десет штипски компании лани покрај
етаблираните „Телекабел“, кондиторската индустрија „Стел Импекс“, „Мегапласт“ –
специјалистите за сите комбинации стакло со ПВЦ и алуминиум и глобално популарните
„Мејер и Мејер“ вреди да се напомене и локалната иноваторска фирма КТМ Енерџи
солушнс специјализирана за проектирање и инсталација на централи за
производство на струја од обновливи извори.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Од 1 септември се враќа автобусот 37: Нова траса од

19/08/2026
Македонија

Температурите ќе скокнат над 40 степени, за викенд можно невреме

19/08/2026
Македонија

Муртезани ќе ја преземе функцијата постојан претставник на Македонија во

19/08/2026
Македонија

Банкарски службеник во Гевгелија пријавен за проневера на 4,9 милиони

19/08/2026
Македонија

Елвир Мекиќ се прости од својот брат Елвис, погребот денеска

19/08/2026
Македонија

Тешка ноќ за пожарникарите кај прилепското село Крушевица, огнот ставен

19/08/2026
Македонија

Бесплатен едукативен камп во Охрид: Првите 115 средношколци од Скопје

19/08/2026
Македонија

Двајца Турци пријавени за изнуда: Со уцени земале 43,8 килограми

19/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45106
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Од 1 септември се враќа автобусот 37: Нова траса од Радишани до Карпош 3

19/08/2026

По повеќегодишна пауза, автобусот со број 37 повторно ќе сообраќа низ Скопје, но овојпат со изменета траса која ќе поврзува

Температурите ќе скокнат над 40 степени, за викенд можно невреме

19/08/2026

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура

Муртезани ќе ја преземе функцијата постојан претставник на Македонија во НАТО

19/08/2026

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани заминува на нова дипломатска функција, откако објави дека ќе ја преземе должноста постојан претставник

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy