
OД 18 САМО 2 ДЕЦА ДОШЛЕ НА НАСТАВА: Ученик и родител направиле инцидент во училиште во Пула
Во хрватскиот град Пула, момче нападна и повреди наставничка.
Инцидентот се случил деновиве во основно училиште. Како што пренесува „Глас Истре“, според неофицијални информации, во понеделникот на настава дошле само двајца ученици од целото трето одделение кое имало 18 ученици.
„Глас Истре“ пишува дека остатокот од класот не дошол на час поради инцидентот што се случил во училницата во четвртокот, а кој директорот го опишал како „последната капка која ја прелила чашата“.
Наводно, ученик од тој клас, кој и претходно бил проблематичен, ја повредил наставничката и уништил дел од училишниот инвентар, поради што неговиот татко го повикале да дојде во училиштето. Таткото дрско се однесувал со наставничката.
Дека дошло до конфликт во училиштето потврдиле и од истарската ПУ од каде потврдиле дека во четвртокот во 11:30 часот се случил инцидент за што била поднесена пријава против еден родител за сторено дело прекршок од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир. Полицијата уште не ги утврдила елементите на злосторството.
Во училиштата во регионот имаше повеќе инциденти по масакрот кој на 3 мај се случи во основно училиште во Белград, каде 13 годишно момче уби 10 луѓе.
Foto: Google Maps
