Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Очигледна е разликата за само 60 дена од формирањето на новата Влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Македонија

Очигледна е разликата за само 60 дена од формирањето на новата Влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ

29/08/2024

AA

На денешната Трибина за млади, во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, своe обраќањe имаше претседателот на УМС и пратеник во македонското собрание, Сергеј Попов, кој што истакна дека младите се во фокус на владата и очигледна е разликата за само 60 дена од формирањето на владата.  Во своето обраќање, Попов истакна дека најголемата промена во владеењето и креирањето политики, е самиот факт што ваква трибина за промоција на успешните политики, се организира на само 60 дена од формирањето на новата влада.   Тој додаде дека во Македонија, конечно се гледа промена и е исцртана јасна дистинкција во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и она на СДСМ и ДУИ.   ,,Изминатите 7 години, власта не ја интересираа младинските прашања и политики, што се гледа според тоа дека пред ребалансот на буџетот, недостасуваа 600 милиони денари наменети токму за проекти за младите. Новата влада и парламентарното мнозинство, успеа да ги обезбеди средства, со што до крајот на оваа година и во континуитет во наредните, студенскиот оброк и стипендиите ќе стигаат навремено, а потоа ќе се преземаат и мерки со кои овие суми ќе бидат и повисоки”, истакна Попов.  Свое обраќање имаше и Стефан Андоновски  министер за дигитална трансформација кој што ги истакна стратешките приоритети на министерството и важноста на младите да бидат вклучени во институциите.  Министерот Андоновски говореше за стратешките приоритети на неговиот ресор, напоменувајќи колкав е предизвикот да се преводи дигиталната трансформација. Објасни за тековните активности на Министерството, како што е надградување на електронски достапните јавни услуги и одблокирање на учеството на Македонија во проектот дигитална Европа. Потенцираше колку е важно младите да се вклучени во институциите и дека нивното присуство претставува клуч за фукнционални институции и најави повторно воведување на пракса во Министерството за дигитализација.  Свое обраќање имаше и министерот за социјална политика, демографија и млади кој што истакна дека младите се во фокусот на владината политика.  Гоќо Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади како поранешен член на УМС потенцираше колку е важно и вредно членувањето во УМС во градењето на успешна покитичка кариера. Ја нагласи постоечката демографска криза во Македонија и дека младите се клуч во надминувањето да истата. Го поздрави фактот дека ресорот млади повеќе нема да биде маргинализиран туку прерасна во посебен ресор каде младите ќе бидат на високо место во владината агенда и дека конечно ќе добијат достоинствен третман од државните институции.   На трибината се обрати и Борко Ристовски, министер за спорт кој што ја нагласи важноста за развивањето на училишните спортови во државата на сите нивоа.  Министерот Ристовски се фокусираше на методи за развивање на состојбите во спортот во Македонија. Зборуваше за нови методи за финансирање на клубовите и федерациите како и развивање на училишните спортови во државата на сите нивоа. Објасни како Министерството за спорт е вложено во подобрување на спортската инфрструктура како што се спортските сали, но и фитнес зоните и отворените спортски игралишта. Потенцираше дека тој и Министерството се сојузници на младите и дека ќе работат во интерес на градење на спортска нација. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Македонија од септември се приклучува кон Вертикалниот гасен коридор: Чекор

17/08/2026
Македонија

ГАЛЕРИЈА 34 години Армија на Македонија, бевме на почесна артилериска

17/08/2026
Македонија

Пожар го зафати прилепско Чаниште: Огнот влезе меѓу куќите, спречена

17/08/2026
Македонија

Првa пресудa за 5-те тона марихуана од Македонија во Србија

17/08/2026
Македонија

Случај „Пулс“: Нелегално реконструиран објект без стручен надзор и блокиран

17/08/2026
Македонија

Ангелов алармира: Риболовци палеле оган крај Треска среде сезона на

17/08/2026
Македонија

Пожарот навлезе во делови од прилепското село Чаниште, зафатени куќи

17/08/2026
Македонија

Дел од бензинските во Скопје не продаваат дизел, го чекаат

17/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45073
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Македонија од септември се приклучува кон Вертикалниот гасен коридор: Чекор кон поголема енергетска независност

17/08/2026

Македонија во септември официјално ќе стане дел од Вертикалниот гасен коридор, најави министерката за енергетика Сања Божиновска. Оваа иницијатива претставува

ГАЛЕРИЈА 34 години Армија на Македонија, бевме на почесна артилериска стрелба

17/08/2026

По повод 18 Август – Денот на Армијата, во касарната „Илинден“ во Скопје се одржа почесна артилериска стрелба, со која

Пожар го зафати прилепско Чаниште: Огнот влезе меѓу куќите, спречена е поголема трагедија

17/08/2026

Пожар што изби денеска околу 13:30 часот во близина на прилепското село Чаниште брзо се прошири кон населеното место, зафаќајки

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy