Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОБВРСКАТА ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ НА ДЕКАЛАРАЦИЈА НА ПРОИЗВОД ОСТАНУВА Уставниот суд не донесе одлука за оценка на законот што ја воведе
Македонија

ОБВРСКАТА ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ НА ДЕКАЛАРАЦИЈА НА ПРОИЗВОД ОСТАНУВА Уставниот суд не донесе одлука за оценка на законот што ја воведе

03/12/2025

AA

Уставниот суд не донесе одлука за оценување на уставноста на двојазичните декларации, воведена со Законот за заштита на потрошувачите, затоа што гласовите биле изедначени, (4 : 4), односно не постоело мнозинство. Раправата останува отворена.

Законот за заштита на потрошувачите, беше донесен по скратена постапка на 15 ноември 2022, уште на самиот старт предизвика револт кај трговците и увозниците. Освен производителите на храна и трговците, двојазични деклрации се обврзани да лепат и увозниците на бела техника, облека и обувки, фармација, односно 13 гранки, аосвен на македонски или на некој друг јазик, сите потребни информации за производот мораат да бидат истакнати и на албански јазик.

За да ја исполнат оваа обврска, сите приватни субјекти ангажираа преведувачи, што беше дополнителен трошок за нив.

По донесувањето на Законот за заштита на потрошувачите, многу трговци одбиваа да примат производи без соодветни декларации, бидејќи казните се движат и над 1.000 евра и затворање на дуќанот од 15 до 30 дена.

На ваквото решение веќе подолг период реагираа и двете стопански комори, како и од партијата Левица, кои посочија дека „ова е првпат на приватни субјекти да им се наметнува ваква обврска и дека ќе поднесат предлог-закон за измена на Законот за заштита на потрошувачите, со кој се бара враќање на обврската за информирање во претходната состојба“. Партиите не го поддржаа овој предлог затоа што за негово донесување, иато како и за основниот закон, потребно е тнр. Бадентерово мнозинаство.

Иницијативата за преиспитување на уставноста на Законот за заштита на потрошувачите е поднесена од адвокатот Валентин Пепељуговски, кој во неа наведува дека во „Уставниот амандман V покрај македонскиот јазик е предвидено „друг јазик што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните е исто така службен јазик и неговото писмо, како што е определено со овој член” и смета дека ова се однесува како обврска на државата и институциите, но не и на приватните лица.

– Исто како и уставното уредување, Законот за употреба на јазиците е насочен за регулирање на односот и јазикот помеѓу државните единици и правни лица со јавни овластувања од јавен интерес и не го опфаќа начинот на комуникација меѓу приватните лица како ограничување на слободата на пазарот и претприемништвото. Се наведува дека трговецот има обврска за јасно и видливо информирање на потрошувачите од аспект на амбалажа, налепница, упатство, декларација, сертификат и/или друг документ да му даде прецизни информации на потрошувачот за стоката – објаснува подносителот Пепељуговски, кој го оспорува Член 6 став 2, член 37 став 2, член 111 ставови 4 и 5, член 123 став 1, член 138 став 3 и член 139 став 2, од Законот за заштита на потрошувачите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.236/2022).

На денешната седница на Уставниот суд не беше донесена одлука, поради изедначено гласање на 8 уставни судии. На седницата учествуваше и судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која вчера поднесе неотповиклива оставка до претседателот на Собранието Африм Гаши. Нејзината оставка денеска била разгледана и прифатена од пратениците, по што престанува нејзината функција. Таа ја образложила оставката со лични причини, а се враќа да предава како професорка на правниот факултет во Скопје.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026
Македонија

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026
Македонија

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ

09/09/2026
Македонија

Скандал во Советот на Град Скопје: Разрешен Училишниот одбор на

09/09/2026
Македонија

Македонските ученици со нов пад – математиката им е најслаба

09/09/2026
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45596
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026

Директорот на КПУ Затвор „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски, поднесе оставка од својата функција. Документот за повлекување веќе е доставен

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026

Бугарската агенција за безбедност на храната (BFSA) го суспендираше пристапот до пазарот на ЕУ за две пратки – едната со

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ в понеделник со нови цени,

09/09/2026

Цените на нафтата на светските берзи драматично растат како резултат на ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток. Суровата нафта „Брент“,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy