Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОБВИНУВАЊАТА НА СДСМ ЗА МЕСТЕНИ ТЕНДЕРИ СЕ ЧИСТА КЛЕВЕТА Мицкоски го повика Обвинителството уште денеска да отвори постапка
Македонија

ОБВИНУВАЊАТА НА СДСМ ЗА МЕСТЕНИ ТЕНДЕРИ СЕ ЧИСТА КЛЕВЕТА Мицкоски го повика Обвинителството уште денеска да отвори постапка

01/12/2025

AA

Го повикувам јавното обвинителствода уште денес да отвори постапка и да ги истражи обвинувањата на СДСМ за местени тендери во Генералниот секретаријат – рече премиерот Христијан Мицкоски во интервју за „360 степени” на МРТ.

Коментирајќи ги последните обвинувања на СДСМ Мицкоски рече дека истите се клевети за кои, како и многупати во минатото, СДСМ ќе треба да се извинува и дополнително да губи супстанца од својот кредибилитет.

– Доколку постои било какво сомневање за сторен криминал, СДСМ може веднаш до нивните инсталации во Обвинителството да достави докази и нивните инсталации во Обвинителството коишто сè уште функционираат слободно можат да поведат истрага и сè што е потребно ние како Влада им стоиме на располагање. Во меѓувреме на нивната прес-конференција тие изнесоа неколку груби клевети. Не нарекоа криминалци, треба да го докажат сега тоа, а ако не го докажат ќе треба да се извинат и дополнително да изгубат супстанца од својот кредибилитет. И второ, наклеветија личност дека управител на таа фирма бил негов близок роднина, братучед итн. што е апсолутна невистина. Димче Арсовски се обрати преку социјалните медиуми и ќе треба сега да докажат тоа што го тврдат претпоставувам, преку судски процес – потенцираше Мицкоски.

Тој исто така додаде дека СДСМ и него лично во минатото многу пати го клеветеше и за тие клевети има и судски пресуди во коишто се констатирани како такви, но до ден-денес СДСМ не се извинија.

– Многу пати во минатото СДСМ клеветеше. Мене лично многу пати ме клеветеше уште во времето во опозиција кога бев и има судски пресуди неколку во коишто тие клевети и невистини се констатирани како таква, а за жал до ден-денес СДСМ не се извини. Претпоставувам дека во овие судски процеси ќе дојдеме до судска одлука и ќе треба повторно или ние да се засрамиме, ако навистина сме криминалци и според нивните тврдења сме местеле тендери и тогаш треба, логично е да си поднесеме одговорност и тука нема дилема или, вториот случај, тие да се извинат”, додаде Мицкоски.

Тој потенцираше дека не се интересира за јавните набавки од аспект како што тоа се правело во минатото кога браќа на премиери беа бизнисмени и кога сопруги добиваа со владини одлуки земјишта за изградба на фотоволтаици, но после обвинувањата изнесени на прес-конференција се распрашал и добил уверување дека се е според закон и според тендерската документација.

– Нормално дека после прес-конференцијата на СДСМ се заинтересирав, се распрашав и апсолутно добив уверување дека е сè според закон и според тендерска документација и дека тој рамковен договор за којшто вие велите е од нула до таа максимална сума којашто вие сега ја споменувате. Значи, може да биде и нула денари, а може да биде и сумата којашто вие ја споменувате. Така што апсолутно јас не гледам никаква незаконитост во рамките на таа набавка. Имало многу случаи кога дури и компании без вработени добивале тендерски постапки итн. доколку тие биле по закон, тука ние ништо не можеме да сториме. Но, бидејќи вие рековте да ја запалиме црвената ламба, јас го повикувам Обвинителството уште денес да дојде и да отвори процес и да го истражи случајот. Доколку има какво било незаконито однесување веднаш да покрене постапка – нагласи Мицкоски.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44701
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026

По десетдневна принудна пауза, водата во Гостивар од денеска може да се користи за лична хигиена и чистење во домовите,

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026

Просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле мета на вандалски чин, при што објектот е оштетен, а на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy