Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Обвинителството: Убивале за станови и свадби на своите деца
Македонија

Обвинителството: Убивале за станови и свадби на своите деца

09/06/2025

AA

Во Основниот кривичен суд – Скопје денеска се одржа драматичната завршница на судењето за бруталните убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот пензионер Панче Жежовски од Велес. Обвинителката Жаклина Крстевска во својот едночасовен завршен збор ја обвини четворката Љупчо Палевски – Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев дека „немаат грам совест, човечност или родителско чувство“, бидејќи – иако сите се родители – грабнувале и убивале луѓе за да им обезбедат „удобен, пристоен живот“ на сопствените деца.

„Децата им биле мотив – но со крв заработен луксуз“

„Сите четворица имаат семејства. Наместо со работа и чест, избрале да ги финансираат становите, свадбите и веселбите на своите најмили со крвнички стекнат плен,“ нагласи Крстевска, опишувајќи го мотивот како „особено мрачен пример на родителска изопаченост“.

Според обвинението, целата криминална шема започнала со киднапирањето и убиството на Панче Жежовски во ноември минатата година. Кога увиделе дека првото злосторство поминало незабележано, обвинетите – како што вели Крстевска – „се почувствувале доволно охрабрени за уште посвиреп чекор: грабнување и егзекуција на малолетно дете“.

Монструозен план и ладнокрвна егзекуција

Вања Ѓорчевска беше киднапирана на пат кон училиште, ставена во возило и однесена во Браздаи каде што се извршило убиството.

Телото било закопано во импровизирана дупка и покриено со отпад и стари предмети со цел да остане засекогаш скриено.

Полицијата го пронајде телото по повеќенеделна истрага, што го шокираше целиот регион.

За пензионерот Панче Жежовски, обвинителката подвлече дека жртвата била однесена на изолиран терен, ограбена и ликвидирана со огнено оружје, „а неговото тело оставено без трага на грижа за достоинството на еден човек што целиот живот чесно работел“.

„Ниту каење, ниту обид за помош“

Крстевска истакна дека во деновите по двете убиства, ниту еден од обвинетите не презел какво било дејство што би укажало на каење или макар соочување со стореното:

„Наместо грижа на совест – следеле нови планови за трошење. Нивната себичност и алчност се единствената логика што ја препознаваме во нивното однесување,“ рече таа.

Траума за целото општество

Обвинителката го опиша случајот како „рана што ќе остане да крвари во колективната свест долго по пресудата“ и побара судот да изрече максимални казни без олеснителни околности.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВО НЕДЕЛА СЕ ВРАЌАМЕ НА ЗИМСКОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО Македонија

21/10/2026
Македонија

8 НОВИ СЛУЧАИ НА ХИВ/СИДА ВО СЕПТЕМВРИ Меѓу заразените е

21/10/2026
Македонија

СЛУЧАЈОТ СО ИВА МИХАИЛОВА Е БУГАРСКИ ПРЕДИЗБОРЕН ФОЛКЛОР Мицкоски вели

20/10/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА Е ПРАВЕН, А НЕ ЗДРАВСТВЕН ПРОБЛЕМ Клековски во

20/10/2026
world

Скандал што ја потресе Саудиска Арабија: Егзекутирани двајца државјани на

20/10/2026
Македонија

РАКОВОДСТВОТО НА СДСМ СЀ ПОВЕЌЕ НАЛИКУВА НА СЕКТА „Разговори во

20/10/2026
Македонија

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЈАНИ МАКРАДУЛИ ЗА ШТЕТА ОД РЕЧИСИ 178.800

20/10/2026
Македонија

ВОЈНИЦИТЕ И ПО 45. ГОДИНА ЌЕ МОЖАТ ДА ОСТАНАТ ВО

20/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46290
  • Регион 3997
  • Свет 15
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВО НЕДЕЛА СЕ ВРАЌАМЕ НА ЗИМСКОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО Македонија ќе го укине кога и

21/10/2026

Во ноќта меѓу сабота и недела, на 25 октомври, почнува зимското сметање на времето. Во 3 часот по полноќ часовниците

8 НОВИ СЛУЧАИ НА ХИВ/СИДА ВО СЕПТЕМВРИ Меѓу заразените е и еден тинејџер

21/10/2026

Во Македонија во текот на септември се регистрирани 8 нови случаи на ХИВ/СИДА, сите кај лица од машки пол. Пријавени

СЛУЧАЈОТ СО ИВА МИХАИЛОВА Е БУГАРСКИ ПРЕДИЗБОРЕН ФОЛКЛОР Мицкоски вели дека не заслужува натамошно внимание

20/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски не сака да им се посветува внимание на реакциите од бугарска страна поврзани со Ива Михаилова, девојката

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy