Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГО ОСПОРИ ГРАДЕЖНОТО ВЕШТАЧЕЊЕ НА ОБЈЕКТОТ „ПУЛС“ Вештакот Русески сам призна дека не е стручен за клучни области, а изведува заклучоци
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГО ОСПОРИ ГРАДЕЖНОТО ВЕШТАЧЕЊЕ НА ОБЈЕКТОТ „ПУЛС“ Вештакот Русески сам призна дека не е стручен за клучни области, а изведува заклучоци

03/11/2026

AA

 

Јавното обвинителство на денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ изнесе низа забелешки на трите вештачења и на директното и вкрстеното сослушување на градежниот вештак Петре Русески, кој изработе градежно вештачење за првообвинетиот Дејан Јованов и уште двајца обвинети, оценувајќи дека Русески не ги исполнува законските и стручните услови, како и методолошките стандарди неопходни за едно вештачење да претставува објективно и веродостојно доказно средство.

​Според Обвинителството, вештакот сам потврдил дека не е стручен за повеќе области клучни за овој предмет, а сепак изведува заклучоци од области како противпожарна заштита, урбанизам, инсталации, безбедност на објектот, неговата намена и подобноста за вршење угостителска дејност.

– Овие прашања се суштински и не може да се расчистат со парцијално согледување на објектот и без притоа да се земат предвид изведените инсталации и сите други услови што со закон треба да ги исполнува објектот од ваков вид. Затоа, надвор од својата специјалност, вешто лице не може да дава стручни заклучоци, особено кога тие не се резултат на стручни испитувања – рече јавниот обвинител Борче Јанев.

Обвинителите сметаат дека е посебно спорно прашањето за безбедноста на објектот да се сведе исклучитиво на тоа дали биле зафатени неговиот габарит и носечките елементи, без анализа на целокупната промена на функционалната намена, изведените интервенции, зголемениот капацитет на посетители и фактичката состојба во согласност со документацијата.

Според нив, спорна е и констатацијата дека објектот ги исполнува условите за дискотека, што е во суштинска противречност со фактичката и правна состојба, без претходно спроведена законска постапка за пренамена.

– Безбедноста на еден објект не се оценува апстрактно, туку во однос на неговата конкретна намена, начинот како се користи и вградените материјали. Особено загрижува начинот на кој вештакот ги релативизира недостатоците од областа на евакуацијата и противпожарната заштита. Во сите три вештачења воопшто не може да се препознае настанот за кој се изработени, со оглед на тоа што последицата ја нема никаде – ниту на почетокот, ниту во заклучоците. Ова вештачење содржи противречности и ограничувања и не може да се прифати како целосно стручна и релевантна основа за утврдување на фактичката состојба – смета Обвинителството.

Во текот на претходните рочишта Обвинителството ги оспоруваше заклучоците на Русески за градежните интервенции, документацијата и за условите за евакуација, а вештакот остана на ставот дека од градежен аспект немало реконструкција или пренамена на објектот, туку внатрешно ентериерно уредување и занаетчиски работи.

На почетокот на денешното рочиште и адвокатот Ванчо Шехтански, бранител на обвинетиот Миле Ампов, изнесе сомневање во вештачењето на Русески, оценувајќи го како контроверзно поради тоа што ниту во вештачењето ниту во сослушувањето не биле опфатени електричната инсталација на објектот и неговото напојување.

Судењето продолжи со сослушување на Османли Јоргов, техничко лице, кое го изготвило вештиот наод и мислење на барање на обвинетата Милка Едровска, инженерка од фирмата „Венци проект“.

Судењето е во фаза кога се изведуваат докази на одбраната, која има најавено повеќе од 240 сведоци.

Случајот го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

​​Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, загинаа 63 лица, а 222 беа повредени.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПЕРПAРИМ БАЈРАМИ ИЗЛЕЗЕ ОД ПРИТВОР СО КАУЦИЈА ОД 1,14 МИЛИОНИ

03/11/2026
Македонија

ИМ „ПОМАГАЛ“ ДА ВАДАТ ПАРИ ОД БАНКОМАТ, ПА ИМ ЗЕМАЛ

03/11/2026
Македонија

БОКИ 13 ОСЛОБОДЕН ЗА ПРЕДМЕТОТ „МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ“ Апелација ја преиначи

03/11/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГО ОСПОРИ ГРАДЕЖНОТО ВЕШТАЧЕЊЕ НА ОБЈЕКТОТ „ПУЛС“ Вештакот Русески

03/11/2026
Македонија

📷 АВИОН ОД КЕЛН ЗА АНТАЛИЈА ИТНО СЛЕТАЛ ВО СКОПЈЕ

03/11/2026
Македонија

СТАВОВИТЕ НА БОГОЈЕСКИ ГО ОХРАБРУВААТ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ Комисијата за

03/11/2026
Македонија

УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ШТИП ВЕТУВА ЦЕЛОСНА СОРАБОТКА СО МВР И ОБВИНИТЕЛСТВОТО

03/11/2026
Македонија

ЉУПЧО ЗЛАТЕВ АПЕЛИРА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА ДА ГО ПРЕИСПИТА АНГАЖМАНОТ НА

03/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46538
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПЕРПAРИМ БАЈРАМИ ИЗЛЕЗЕ ОД ПРИТВОР СО КАУЦИЈА ОД 1,14 МИЛИОНИ ЕВРА Одземен му е пасошот,

03/11/2026

Поранешниот директор на Лотарија на Македонија Перпарим Бајрами, а сега обвинет во случајот ,,Лотарија”, излегува од притвор откако понудил гаранција

ИМ „ПОМАГАЛ“ ДА ВАДАТ ПАРИ ОД БАНКОМАТ, ПА ИМ ЗЕМАЛ ДЕЛ Уапсен 50-годишен маж пред

03/11/2026

Педесетгодишен жител на кумановското село Пчиња е уапсен откако, нудејќи им помош на сограѓани да подигнат пари од банкомат, искористувал

БОКИ 13 ОСЛОБОДЕН ЗА ПРЕДМЕТОТ „МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ“ Апелација ја преиначи пресудата на Кривичниот суд за

03/11/2026

Апелациониот суд во Скопје донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски-Боки 13 во предметот „Меѓународен сојуз“, со што ја преиначил првостепената

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy