Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПЕРПAРИМ БАЈРАМИ ИЗЛЕЗЕ ОД ПРИТВОР СО КАУЦИЈА ОД 1,14 МИЛИОНИ ЕВРА Одземен му е пасошот, мора да се јавува во полиција
Македонија

ПЕРПAРИМ БАЈРАМИ ИЗЛЕЗЕ ОД ПРИТВОР СО КАУЦИЈА ОД 1,14 МИЛИОНИ ЕВРА Одземен му е пасошот, мора да се јавува во полиција

03/11/2026

AA

Поранешниот директор на Лотарија на Македонија Перпарим Бајрами, а сега обвинет во случајот ,,Лотарија”, излегува од притвор откако понудил гаранција од 1,14 милиони евра. Инаку, притворот на Бајрами му истекуваше за 5 дена, по сила на закон.

„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната на П.Б., првообвинет во предметот со К.бр.1494/26, познат во јавноста како „Лотарија“, поднесен на 14.10.2026 година за замена на мерката притвор со гаранција, донесе решение со кое предлогот го усвои, ја укина мерката притвор и прифати гаранција во износ од 1.140.781 евра, во недвижен имот“ – се вели во соопштението на Кривичниот суд.

Имено, надлежното Основно јавно обвинителство Скопје на 13.08.2026 година поднесе обвинителен предлог против П.Б. за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, за кое е предвидена казна затвор до 5 години. По предлог на надлежното обвинителство, на обвинетиот му беше определена мерка притвор по неговото пронаоѓање и лишување од слобода, имајќи предвид дека претходно не им беше достапен на органите на прогонот.

Согласно законските одредби од Законот за кривичната постапка, притворот во конкретниот случај не може да трае подолго од 60 дена. Обвинетиот на 09.09.2026 година сам се јави на издржување на мерката притвор во КПУ Затвор Скопје, поради што законскиот рок за траење на притворот истекува на 08.11.2026 година.

„Имајќи ги предвид сите околности, Советот ја прифати понудената гаранција, а со цел обезбедување на присуството на обвинетиот во текот на судската постапка, истовремено му определи и дополнителни мерки за претпазливост, и тоа: одземање на патната исправа и забрана за издавање нова исправа за преминување на државната граница, како и обврска за редовно јавување во Судот.

Против решението надлежниот јавен обвинител, како и останатите странки во постапката, се откажаа од правото на жалба и истото стана правосилно денеска. По впишувањето на хипотеката во Катастарот на недвижности, обвинетиот ќе биде ослободен од КПУ Затвор Скопје, велат од Кривичниот суд.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОСУДА НА СТАВОВИТЕ НА БОГОЈЕСКИ, ПРЕОДНА ОЦЕНА ЗА ВОДИТЕЛКАТА Агенцијата

03/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И СЕВЕРНА РАЈНА-ВЕСТФАЛИЈА ЌЕ ЈА ПРОДЛАБОЧАТ СОРАБОТКАТА Германските компании

03/11/2026
Македонија

АДВОКАТОТ ШИЛЕГОВ ПОВИКА ДА СЕ ПРЕИСПИТА ОБВИНЕНИЕТО ЗА „ПУЛС“ На

03/11/2026
Македонија

ПЕРПAРИМ БАЈРАМИ ИЗЛЕЗЕ ОД ПРИТВОР СО КАУЦИЈА ОД 1,14 МИЛИОНИ

03/11/2026
Македонија

ИМ „ПОМАГАЛ“ ДА ВАДАТ ПАРИ ОД БАНКОМАТ, ПА ИМ ЗЕМАЛ

03/11/2026
Македонија

БОКИ 13 ОСЛОБОДЕН ЗА ПРЕДМЕТОТ „МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ“ Апелација ја преиначи

03/11/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГО ОСПОРИ ГРАДЕЖНОТО ВЕШТАЧЕЊЕ НА ОБЈЕКТОТ „ПУЛС“ Вештакот Русески

03/11/2026
Македонија

📷 АВИОН ОД КЕЛН ЗА АНТАЛИЈА ИТНО СЛЕТАЛ ВО СКОПЈЕ

03/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46541
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОСУДА НА СТАВОВИТЕ НА БОГОЈЕСКИ, ПРЕОДНА ОЦЕНА ЗА ВОДИТЕЛКАТА Агенцијата за медиуми го анализираше скандалозниот

03/11/2026

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши увид во емисијата „Под лупа“, емитувана на ТВ Алфа на 2 ноември

МАКЕДОНИЈА И СЕВЕРНА РАЈНА-ВЕСТФАЛИЈА ЌЕ ЈА ПРОДЛАБОЧАТ СОРАБОТКАТА Германските компании во земјава се пример за

03/11/2026

Продлабочување на економската соработка, привлекување нови инвестиции и унапредување на партнерството меѓу Македонија и германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија биле

АДВОКАТОТ ШИЛЕГОВ ПОВИКА ДА СЕ ПРЕИСПИТА ОБВИНЕНИЕТО ЗА „ПУЛС“ На Врховен паѓаат пресудите поради недокажани

03/11/2026

Бранителот на обвинетиот Шофкет Хазари, адвокатот Петре Шилегов, на почетокот на денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ повика

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy