Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЉУПЧО ЗЛАТЕВ АПЕЛИРА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА ДА ГО ПРЕИСПИТА АНГАЖМАНОТ НА ПЕТАР БОГОЈЕСКИ Како може човек што поддржува семејно насилство и „надзор“ над жените да воспитува идни офицери?
Македонија

ЉУПЧО ЗЛАТЕВ АПЕЛИРА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА ДА ГО ПРЕИСПИТА АНГАЖМАНОТ НА ПЕТАР БОГОЈЕСКИ Како може човек што поддржува семејно насилство и „надзор“ над жените да воспитува идни офицери?

03/11/2026

AA

Уредникот на Радио Лидер, Љупчо Златев, упати јавен апел до раководството на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ да ја преиспита позицијата на универзитетскиот професор Петар Богојески, по неговите контроверзни изјави за жените, семејното насилство и потребата од „машки надзор“.

Во емисијата „Утринско еспресо“, Златев порача дека човек со такви ставови не треба да биде дел од образованието на идните офицери на македонската Армија.

Повод за реакцијата беа изјавите на Богојески во телевизиска дебата на националната телевизија Алфа, во која тој говореше за брачните односи, неверството и за феминизмот.

Богојески, кој е и претседател на политичката партија Македонски концепт, во дебатата тврдеше дека реакцијата на сопругот по неверство од сопругата претставува заштита на неговото достоинство, а не насилство. Тој исто така изјави дека феминизмот ги натерал жените да отфрлат секаков „машки надзор“.

Златев оцени дека ваквите ставови се неприфатливи, особено кога доаѓаат од универзитетски професор кој учествува во образованието на идните припадници на Армијата.

– Овој човек е професор. Овој човек е педагог. Овој човек ги образува идните офицери, идните генерали, идните капетани, идните војници на македонската армија. Тој е професор на Воената академија која го носи името на еден од најголемите македонски великани, Михаил Апостолски – рече Златев.

 

Тој нагласи дека прашањето не е само во индивидуалните ставови на Богојески, туку и во одговорноста на високообразовните институции кои ги подготвуваат идните офицери.

Златев најави дека ќе испрати и официјално обраќање до раководството на Академијата.

– Го повикувам деканот на Воената академија, ќе му упатам денеска имејлови, да ја преиспита позицијата на овој човек. Го повикувам Наставно-научниот совет на Универзитетот Гоце Делчев во Штип да преиспита дали ваков човек треба да ги образува идните офицери, идните генерали, идните борци за Македонија – порача Златев.

Според него, станува збор за прашање кое директно ја засега довербата на родителите и граѓаните во образовниот систем.

Петар Богојески во 2025 година беше избран во наставно-научно звање доцент во областа економија и бизнис на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје.

СКАНДАЛ НА НАЦИОНАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА Богојески го релативизираше семејното насилство и побара „машки надзор“ врз жените

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СТАВОВИТЕ НА БОГОЈЕСКИ ГО ОХРАБРУВААТ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ Комисијата за

03/11/2026
Македонија

УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ШТИП ВЕТУВА ЦЕЛОСНА СОРАБОТКА СО МВР И ОБВИНИТЕЛСТВОТО

03/11/2026
Македонија

ЉУПЧО ЗЛАТЕВ АПЕЛИРА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА ДА ГО ПРЕИСПИТА АНГАЖМАНОТ НА

03/11/2026
Македонија

РЕТРОГРАДНИ И ОПАСНИ СТАВОВИ НА БОГОЈЕСКИ На жената не ѝ

03/11/2026
Македонија

ПОКАЧУВАЊЕ ЗА 10% НА ПЛАТИТЕ ВО АРМИЈАТА И ВО ОДБРАНАТА

03/11/2026
Македонија

ЛДП БАРА ВЛАДАТА ДА СЕ ДИСТАНЦИРА ОД КОАЛИЦИСКИОТ ПАРТНЕР БОГОЈEСКИ Неговиот

03/11/2026
Македонија

СДСМ И ФИЛИПЧЕ МОЛЧЕА ЗА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА, СЕГА ГЛУМАТ ЗАГРИЖЕНОСТ

03/11/2026
Македонија

ИСХОДОТ ОД ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА НЕМА ДА ВЛИЈАЕ ВРЗ ВЛАДИНАТА

03/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46533
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СТАВОВИТЕ НА БОГОЈЕСКИ ГО ОХРАБРУВААТ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ Комисијата за заштита од дискриминација да покрене

03/11/2026

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација да отвори постапка и да утврди повреда на член 9 од Законот за

УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ШТИП ВЕТУВА ЦЕЛОСНА СОРАБОТКА СО МВР И ОБВИНИТЕЛСТВОТО Ректоратот порачува дека чесните студенти

03/11/2026

Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип најави целосна соработка со Министерството за внатрешни работи и надлежното обвинителство во истрагата за сомнежите

РЕТРОГРАДНИ И ОПАСНИ СТАВОВИ НА БОГОЈЕСКИ На жената не ѝ треба надзор, реагира Митева

03/11/2026

Марија Митева, владината портпаролка и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy