Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Обвинителството: Ќе докажеме институционална и морална распаднатост во ЕСМ, наместо чесно да ја вратат довербата тие ја злоупотребиле функцијата!
Македонија

Обвинителството: Ќе докажеме институционална и морална распаднатост во ЕСМ, наместо чесно да ја вратат довербата тие ја злоупотребиле функцијата!

29/05/2025

AA

„Ќе докажеме и институционална и морална распаднатост во ЕСМ“, изјави обвинителката Наташа Поп Трајков во воведниот говор на судењето за т.н. предмет „Адитив“, кое се одвива во дигиталната судница во КПУ Идризово.

„Обвинителството со докази ќе покаже дека пред нас стои злосторничко здружување на кое државата му доверила еден од најважните системи – производството на електрична енергија. Наместо чесно да ја вратат довербата на државата која ги наградувала високо и финансиски, тие ја злоупотребиле својата положба за лично збогатување“, нагласи Поп Трајков.

Според обвинението, 31 физичко и 5 правни лица, меѓу кои и високи функционери во енергетскиот сектор, се товарат за злоупотреба на јавни набавки и перење пари во врска со набавката на адитиви за јаглен за потребите на АД ЕСМ – Подружница РЕК Битола и РЕК Осломеј.

Во периодот од април до август 2023 година, обвинетите – некои како организатори, други како соучесници – создале и делувале како група со цел да го изиграат системот за јавни набавки. Според обвинението, тие договарале пререгистрации на фирми, манипулирале со тендерските процедури и овозможиле едно правно лице да го добие договорот за набавка на адитиви вреден речиси 397 милиони денари, додека преку разни трансакции во готовина и преноси на средства, прикриле повеќе од 414 милиони денари стекнати со кривично дело.

Првообвинетиот Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ, не беше присутен на рочиштето – судот донесе решение да му се суди во отсуство.

Случајот „Адитив“ се смета за едно од најзначајните и најобемни обвиненија во поновата правосудна историја на земјава, со потенцијални последици не само за правосудството, туку и за јавното доверие во управувањето со државните ресурси.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УАПСЕН БИТОЛСКИ ВИШ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Дали е поврзан со враќањето

06/10/2026
Македонија

ПО 11 ГОДИНИ ОХРИД ЌЕ ДОБИЕ ЗАТВОРЕН БАЗЕН Владата обезбеди

06/10/2026
Македонија

ПРЕВЕЗУВАЛ ДРВА БЕЗ ЖИГ, СЕ ОБИДЕЛ ДА ПОБЕГНЕ Арачиновец приведен

06/10/2026
Македонија

ЦЕЛА ГОДИНА СО ШИФРА „ДОДАВАЛА“ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ВО МВР Имала

06/10/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛ БАРА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА ОБВИНЕТИОТ ЗА 4 УБИСТВА ВО

06/10/2026
Македонија

ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ВО ВОЗДУХ ПО СЕМЕЈНА РАСПРАВИЈА 76-годишен охриѓанец нападнал

06/10/2026
Македонија

ЗЛАТО, СКАПИ ЧАСОВНИЦИ И ЧАНТИ „ХЕРМЕС“, „ЛУЈ ВИТОН“ И „ДИОР“

06/10/2026
Македонија

📷 САМО ШТО ВСЕЛЕН, ВЕДНАШ ГО ЗАТНАЛЕ СО ВЛАЖНИ МАРАМИЦИ

06/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46015
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УАПСЕН БИТОЛСКИ ВИШ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Дали е поврзан со враќањето на пасошот на бизнисменот Марковски?

06/10/2026

Вечерва во Прилеп, од страна на полицијата д лишен од слобода обвинител од Вишото јавно обвинителство во Битола. Според неофицијални

ПО 11 ГОДИНИ ОХРИД ЌЕ ДОБИЕ ЗАТВОРЕН БАЗЕН Владата обезбеди 470 милиони денари за довршување

06/10/2026

Изградбата на затворениот базен во Охрид ќе продолжи по речиси 11 години од почетокот на проектот, откако Владата на денешната

ПРЕВЕЗУВАЛ ДРВА БЕЗ ЖИГ, СЕ ОБИДЕЛ ДА ПОБЕГНЕ Арачиновец приведен во Липково

06/10/2026

Шеесет и петгодишен жител на Арачиново бил приведен вчера во Липково откако со товарно возило превезувал дрва без жиг, а

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy