Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Обвинение за „Пулс“ – тест за обвинителството и показател за капацитетот на државата да се справи со корупцијата
Македонија

Обвинение за „Пулс“ – тест за обвинителството и показател за капацитетот на државата да се справи со корупцијата

13/06/2025

AA

Утврдувањето на одговорност за трагичниот пожар во кочанскиот ноќен клуб „Пулс“ на 16 март 2025 година, во кој животот го загубија 62 лица, а околу 200 беа повредени, влегува во клучна фаза – поднесување на обвинение.

Во 12 часот на прес конференција ќе се појават државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и 13-те обвинители кои работат на рпедметот.

Истрагата, во која се вклучени 13 обвинители, досега опфати 47 физички и три правни лица, вклучувајќи сопственици и менаџери на клубот, корисници на пиротехника, како и поранешни и актуелни функционери. Првичните наоди покажаа дека причина за пожарот е несоодветна употреба на пиротехника, која предизвикала брзо ширење на огнот поради лесно запаливи материјали во таванот и ѕидовите. Дополнително, утврдено е дека објектот, кој бил поранешен магацин, немал соодветна лиценца за работа како ноќен клуб, а клучниот излез за итни случаи бил заклучен и неупотреблив, што довело до стампедо.

Обвинителството ја прошири истрагата и кон други институции, сомневајќи се дека низа функционери овозможиле клубот да работи без исполнување на условите. Меѓу осомничените се и тројца поранешни градоначалници и градежни инспектори од Општина Кочани, како и директори и инспектори од Дирекцијата за заштита и спасување, кои со години не извршиле никаква контрола врз објектот. Истрагата опфаќа и поранешни министри за економија и други функционери од тоа министерство.

Случајот доби и силна политичка димензија со приведувањето на Александар Нацев, опишан од Обвинителството како вистински сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, која го обезбедувала клубот „Пулс“. Нацев е поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ, кој според премиерот Христијан Мицкоски, извршувал функција во Владата во периодот 2016-2017 година. Мицкоски исто така потврди дека Нацев бил делегат на конгресот на кој тој бил избран за претседател на партијата. Нацев се сомничи дека вршел обезбедување без договор, не ги регистрирал безбедносните недостатоци во клубот, дозволил влез на малолетници и употреба на пиротехника.

Трагедијата во Кочани, која потсетува на слична катастрофа во клубот „Колектив“ во Букурешт во 2015 година што доведе до пад на романската влада, ги разоткри длабоките системски слабости во македонското општество.

Исходот од оваа истрага и судски постапки ќе бидат клучен показател за капацитетот на државата да се справи со корупцијата, негрижата и политичкото влијание кои ја загрозуваат безбедноста на граѓаните. Јавноста очекува целосна и неселективна правда, што претставува огромен притисок врз правосудните органи и политичките елити во земјата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 ДИВЕЕЛ НА ПАРТИЗАНСКА НА ЕДНО ТРКАЛО ЗА ДА СЕ

11/10/2026
Македонија

🎥 ТРГНАЛЕ НА СВАДБА, БЛОКИРАЛЕ СООБРАЌАЈ ВО АЕРОДРОМ Казнети четворица

11/10/2026
Македонија

ДВАЈЦА СТРАНЦИ БЕЗБЕДНО ИЗВЛЕЧЕНИ ОД ПЕРИБЕГ Ги затекнало лошо време,

11/10/2026
Македонија

ДИМИТРИЕВСКИ ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ ДА ЈА ОДБЛОКИРААТ ДЕПОНИЈАТА КРАСТА Вети

11/10/2026
Македонија

ОХРИЃАНЕЦ ЗАГИНА, МУ СЕ ПРЕВРТЕЛО КАНУТО Го нашле на околу

11/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА САКА ЕВРОПСКА ИДНИНА СО ИСПРАВЕНА ГЛАВА Мицкоски повика на

11/10/2026
Македонија

ШЕСТМИНА ПОЛИЦАЈЦИ СУСПЕНДИРАНИ ПОРАДИ НАСИЛСТВО ВРЗ ДВАЈЦА АЛБАНЦИ Ќе одговараат

11/10/2026
Македонија

НА 11 ОКТОМВРИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗАСТАНА НА ВИСТИНСКАТА СТРАНА Николоски

11/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46113
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥 ДИВЕЕЛ НА ПАРТИЗАНСКА НА ЕДНО ТРКАЛО ЗА ДА СЕ СНИМИ ЗА ТИК ТОК Две

11/10/2026

Две кривични пријави доби возачот на мотоцикл кој дивееше на булеварот Партизански одреди во Скопје, соопшти полицијата. На 10.10.2026 било

🎥 ТРГНАЛЕ НА СВАДБА, БЛОКИРАЛЕ СООБРАЌАЈ ВО АЕРОДРОМ Казнети четворица возачи

11/10/2026

Полицијата казни четворица возачи кои со возила блокирале булевар во Скопје додека оделе на свадба. Во видеото кое било споделено

ДВАЈЦА СТРАНЦИ БЕЗБЕДНО ИЗВЛЕЧЕНИ ОД ПЕРИБЕГ Ги затекнало лошо време, ги пронашла косовската служба за

11/10/2026

Безбедно се извлечени двајца странски државјани од Пирибег денеска, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Утрово во 08:22 часот,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy