Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Обвинение против едно лице – извикувал нацистички поздрави кон директор на Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија
Магазин

Обвинение против едно лице – извикувал нацистички поздрави кон директор на Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија

09/10/2025

AA

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз основа на национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа според член 319 став 1 од Кривичниот законик.

Во спроведената претходна постапка, јавниот обвинител обезбеди докази со кои се потврдува основаноста на сомненијата дека обвинетиот го извршил делото кон припадник на еврејската заедница – директор на Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија.

На 26.12.2024 година, пред просториите на Фондот на улицата „11-ти Март“ во Скопје, додека оштетениот ги извршувал своите работни задачи, пред влезот поминал обвинетиот кој бил агресивен. Тој со гнев и омраза го свртел погледот кон оштетениот и започнал да гестикулира и да извикува нацистички поздрави, да пцуе и да упатува навредливи зборови на германски јазик. Потоа се обидел да замине, но оштетениот веднаш пристапил кон полициското возило во близина и го пријавил.

Кога полициските службеници му пристапиле на обвинетиот 59-годишник за да го легитимираат, тој продолжил да се заканува, па оштетениот почувствувал загрозување, несигурност и страв и се повлекол во просториите на музејот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТИТАН Усје одбележа две години од „Иноваториум“ – едукативен центар

18/05/2026
Македонија

Секое трето дете што се јавило во „Ало, бушавко“ се

18/05/2026
Македонија

Петровска со обвинувања до власта: ВМРО-ДПМНЕ ги одби социјалните мерки,

18/05/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова од Љубљана: Проширувањето на ЕУ не смее да биде

18/05/2026
Македонија

Малолетници со остар предмет ограбиле девојче во Чаир и ја

18/05/2026
Македонија

Собранието го одби предлогот на СДСМ: Министрите да не можат

18/05/2026
Македонија

Пациентите алармираат: Изборот на лекар и клиника не смее да

18/05/2026
Македонија

ПОЦ воведува нов систем за паркирање: Повластени карти по адреса

18/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43332
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТИТАН Усје одбележа две години од „Иноваториум“ – едукативен центар за развој на дигитални и

18/05/2026

ТИТАН Усје денес го одбележа двегодишниот јубилеј на едукативниот центар „Иноваториум – Клуб на напредни знаења и вештини“, преку кој

Секое трето дете што се јавило во „Ало, бушавко“ се бори со внатрешна болка, алармантен

18/05/2026

Децата и младите во Македонија не се во целост заштитени. Потребна е поголема будност од семејството и институциите, како и

Петровска со обвинувања до власта: ВМРО-ДПМНЕ ги одби социјалните мерки, а одобри ново задолжување

18/05/2026

Славјанка Петровска упати остри критики по денешната собраниска седница Поранешната министерка и актуелна пратеничка Славјанка Петровска упати јавна реакција по

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy