Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Обвиненија против 11 диви копачи на културно наследство
Магазин

Обвиненија против 11 диви копачи на културно наследство

09/06/2023

AA

 По истражна постапка што се спроведуваше од 13 декември минатата година, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен акт против 11 лица, сторители на кривичното дело Злосторничко здружување. Првообвинетиот С.Џ. (47) сторил и кривични дела Прикривање, Оштетување или уништување добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости, Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Како што соопшти државното Јавно обвинителство, петмина обвинети З.А.(39), М.С.(42), Г.К.(45), И.С.(48),и М.Џ.(37), освен за кривичното дело Злосторничко здружување, се товарат и за сторено кривично дело Оштетување или уништување добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости.

М.А.(32) и Д.Р.(36) се обвинети и за кривичното дело Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости. Покрај кривичните дела Злосторничко здружување и Прикривање, на обвинетиот Т.А.(58) му се става на товар и кривичното дело Оштетување или уништување добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости, додека на Н.М.(48) – кривичното дело Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.

Најмладиот Р.З.(28,) според Обвинителниот акт, покрај кривичното дело Злосторничко здружување е сторител и на кривичните дела Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости и Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.

ЈОРСМ информира дека во текот на втората половина на 2021 година на територијата на државава, со цел вршење на наведените кривични дела и стекнување противправна имотна корист, обвинетите С.Џ., З.А.и Т.А. создале група во која припадници станале останатите обвинети и Д.П кој е во бегство.

-Групата станала функционална целина и нејзините припадници во периодот од 1 декември 2021  до 12 декември 2022 година презеле дејствија на неовластено од надлежен орган истражување на археолошки локалитети како недвижни добра под привремена заштита, користејќи пренесени сознанија, карти и рачно пишани текстови и преданија за ориентација и пронаоѓање на археолошките локалитети. По пронаоѓање на локалитетите, со користење метал детектори обвинетите извршувале недозволено истражување и ископување на движни добра под привремена заштита, односно културно наследство. Иако знаеле дека потекнуваат од извршено кривично дело, археолошките добра и историските предмети ги присвојувале и ги прикривале во нивните домови или на непознати локации и неовластено од надлежен орган ги нуделе и продавале на заинтересирани купувачи од земјата и странство, наведува Обвинителството.

Отуѓените добра се предмети со археолошки, етнолошки, уметнички и историски вредности со непроценлива вредност, односно значајно добро и добро од особено значење сопственост на Република Северна Македонија, со исклучителна вредност.

-Со нивно трајно оттуѓување, обвинетите сториле трајна штета за археолошкото, историското, музејското и уметничкото истражување на надлежните државни и научни институции и штета на државата, соопшти ЈОРСМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy