Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ф-35 ловец-бомбардер во американската армија
Македонија

Ф-35 ловец-бомбардер во американската армија

09/06/2023

AA

Знамињата на САД и Македонија, војници од двете армии, дел од опремата и симболите на Вермонт се наоѓаат на подарокот кој го доби македонската делегација одбележувајќи 30 години партнерство со Националната гарда на сојузната држава Вермонт.

„Пред неколку децении се боревме со внатрешна криза. Денес сме земја членка на НАТО. До пред неколку години баравме итна помош, денеска Северна Македонија не е веќе дел од проблемите, туку од решенијата. Во текот на ова партнерство, градиме сопствени национални капацитети. Ги подобруваме процедурите. Ја модернизираме нашата армија, но најважното е што изградивме толку силно партнерство“, порача Славјанка Петровска.

„Денес се соочуваме со една нова реалност во Европа. Неиспровоцирани од офанзивните операции во Украина ставија многу средства од овој дел на светот во првите редови“, вели Васко Ѓурчиновски.

Од 1993 година, покрај Сенегал и Австрија, Националната гарда на Вермонт е во партнерство и со Македонија. Во досието запишани се над 350 заеднички воени активности, но најважните се воената помош и обуката на македонската армија за исполнување на стандардите за НАТО Алијансата.

„Заедно сме 30 години. Искрено да ви кажам дека нашето партнерство со РСМ е највлијателниот аспект од моите речиси 40 години поминати во војската. И тоа искуство не е ограничено само на високи лидери како генералот Ѓурчиновски туку и војници, полиција…Кога ја посетувам С. Македонија јас не си легнувам во 21 часот, туку уживам во културата“, додаде Георги Најт.

Воздушната национална гарда на Вермонт во 2019 година е првата која добива два авионите Ф-35. Уште се нарекуваат и ловец од петтата генерација, поради пакетот сензори од било кој правец. Денес ги има 20. Користат аеродинамични перформанси и напредни интегрирани системи, со што ја намалуваат ранливоста на Соединетите држави.

Иако само шест години се во употреба, веќе учествувале во најмалку шест борбени операции. Ф-35 е невидлив повеќенаменски ловец-бомбардер за сите временски услови. Дизајниран да врши копнени напади, воздушно извидување и мисии за противвоздушна одбрана. Единечната цена е над 80 милиони долари.

„Ова е Ф-35 во Воздушната национална гарда на Вермонт. Тоа е дом на 158-то борбено крило. Станала фередарлно призната пред речиси 1 век, воздушната национална гарда на Вермонт летала на повеќе од осум различни мисии на авиони, вклучувајќи бомбардери и ловци“, изјави репортерот на ТВ21.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy