Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Обрат во МРТ: Поништен конкурс за Надзорен одбор, нов се одложува поради избори
Македонија

Обрат во МРТ: Поништен конкурс за Надзорен одбор, нов се одложува поради избори

22/09/2025

AA

Македонската Радио Телевизија останува без Надзорен одбор откако новиот состав на Програмскиот совет ја поништи постапката за избор, која ја започна неговиот претходник. Одлуката доаѓа откако старата постапка не била завршена во законски предвидениот рок, а новиот конкурс – и покрај значењето на органот – се одложува до по завршувањето на локалните избори.

Програмскиот совет на МРТ на 10 септември донесе Одлука со која го одложува распишувањето на нов конкурс за Надзорен одбор, како и конкурсите за избор на директор и заменик директор на јавниот сервис. Причината, како што се наведува, е актуелниот изборен процес и потребата за правна усогласеност со Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата.

Одложувањето доаѓа откако претходно, на 18 август, Советот ја запре постапката започната од претходниот состав, со образложение дека мандатот на административната комисија истекол и таа нема овластување да ја доврши постапката. Истовремено, беше констатирано дека досегашниот рок е надминат, што отвора сомнеж во законитоста и транспарентноста на процесот.

„Со донесените одлуки се зајакнува ефикасноста и законитоста на работата на Советот“, изјави претседателот Давор Пашоски, додавајќи дека јавноста ќе биде навремено информирана кога ќе бидат создадени услови за нов конкурс.

Според законските надлежности, Надзорниот одбор има клучна улога во надгледувањето на финансиското работење и законитоста на МРТ, а неговото отсуство може да влијае врз функционирањето на јавниот сервис.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Со пиштол ограбена обложувалница во Струга

07/12/2025
Македонија

Малолетник од Скопје заврши на дежурен откако испил голема количина

07/12/2025
Македонија

НЕ СУМ СОПСТВЕНИК И НЕМАМ ВРСКА СО ФИРМАТА ШТО ЈА

07/12/2025
Македонија

Родителите на загинатите во „Пулс“: Не сме барале да се

07/12/2025
Македонија

КОЧАНЧАНКА ПОВЕРУВАЛА ДЕКА Е ВРЗАНА СО МАГИЈА, ПА ОСТАНАЛА БЕЗ

07/12/2025
Македонија

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија

07/12/2025
Македонија

Вработен во Затвор Скопје при вршење обиколка, затекнал две лица

07/12/2025
Македонија

И дошле во двор и и кажале дека и е

07/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38610
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Со пиштол ограбена обложувалница во Струга

07/12/2025

На 06.12.2025  во 20:40 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во обложувалница во Струга едно лице со закана со

Малолетник од Скопје заврши на дежурен откако испил голема количина енергетски пијалоци

07/12/2025

Седумнаесетгодишно момче од Скопје завршило на дежурен лекар откако испило голема количина енергетски пијалоци, објави Канал 5. Лекарите предупредуваат дека

НЕ СУМ СОПСТВЕНИК И НЕМАМ ВРСКА СО ФИРМАТА ШТО ЈА СПОМЕУВА СДСМ Ивица Томовски најави

07/12/2025

Директорот на служба за општи и заеднички работи на Влада (СОЗР) Ивица Томовски тврди дека не е сопственик, ниту, пак,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy