Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Почина седумгодишно девојче во тетовската болница
Магазин

Почина седумгодишно девојче во тетовската болница

22/09/2025

AA

Почина девојче на седум години кое било на болничко лекување во Клиничката болница Тетово, информираат денес од тетовската јавна здравствена установа. Девојчето од тетовското село Челопек било примено на Одделението за педијатрија во саботата во 20.40 часот, а почина во неделата.

– Пациентката беше примена на Одделението за педијатрија на датум 20.09.2025 во 20:40 часот навечер, и веднаш беа преземени сите неопходни мерки согласно важечките медицински протоколи со цел поставување на точна дијагноза. Од моментот на приемот, беа преземени сите потребни медицински мерки соодветни на нејзината здравствена состојба, вклучително и интензивна рехидратација, согласно професионалните и клинички насоки – информираат од Клиничка болница.

Со цел понатамошен третман, била побарана помош од Одделението за оториноларингологија (ОРЛ) за дополнителна интервенција.

– Била побарана помош од ОРЛ за аспирација на секрети од усната шуплина. За жал, за време на интервенцијата, пациентката не покажа знаци на реакција, по што беше итно префрлена на Одделението за анестезија, реанимација и интензивна нега, каде што беа преземени сите мерки за реанимација. И покрај максималните напори на медицинскиот тим, пациентката почина – соопштуваат од Клиничка болница Тетово.

Со цел целосна транспарентност и расветлување на причините за смртта, болницата побарала извршување на судско-медицинска обдукција.

 

– Сепак, до овој момент, семејството на пациентката го изрази своето противење за спроведување на обдукцијата. Изразуваме искрено сочувство и длабока тага до семејството во овие исклучително тешки и трагични моменти – се вели во соопштението на Клиничка болница Тетово.

Од Болницата велат дека се подготвени за соработка со надлежните институции за секое дополнително појаснување поврзано со овој случај.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy