Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Обраќање на претседателот Пендаровски на Отворениот форум за антикорупција
Македонија

Обраќање на претседателот Пендаровски на Отворениот форум за антикорупција

06/12/2023

AA

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на дводневниот Отворен Форум за антикорупција организиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка, а во рамки на Програмата Граѓаните против корупцијата и Програмата Регионалната мрежа за антикорупција (СЕЛДИ).

Посочувајќи дека како држава пред 20 години ја ратификувавме Конвенцијата против корупција на Обединетите Нации, во своето обраќање претседателот Пендаровски истакна дека и по две децении од Конвенцијата, дури 63% од македонските граѓани сметаат дека корупцијата е наш најголем проблем.

Почитувани присутни,

Им благодарам на Македонскиот центар за меѓународна соработка и на Државната комисија за спречување на корупцијата што нѐ собраа на овој важен форум за антикорупција.

Пред точно 20 години, Обединетите нации ја донесоа Конвенцијата против корупцијата. Во таа прилика, генералниот секретар на ОН, Кофи Анан ја спореди корупцијата со „подмолна чума“ која ги поткопува демократијата и владеењето на правото, ги повредува човековите права, го нарушува пазарот, го еродира квалитетот на животот и го овозможува организираниот криминал, тероризмот и другите закани за човековата безбедност. Ние ја ратификувавме оваа конвенција и се приклучивме прилично брзо кон низа глобални и регионални антикорупциски документи и механизми.

Сепак, две децении подоцна, дури 63% од македонските граѓани ја сметаат корупцијата за наш најголем проблем. Индексот за перцепција на корупцијата за 2022 година ја рангира Македонија на 85-то место во светот. Само 6 или 7 европски држави, зависно од времето на мерење, се зад нас, од кои ниту една не е земја членка на Европската Унија. Индексот за владеење на правото, пак, нѐ рангира на 67. место од вкупно 142 држави, со забележан пад во повеќе области. Дури половина од истрагите што Европската служба за борба против измами – ОЛАФ ги отвори за земјите од Западниот Балкан, се поврзани со злоупотреби на европските фондови во Македонија.

Во зависност од локалниот контекст, причините за оваа состојба најчесто ги бараме во недостатокот на политичка волја, во системски или законски празнини, во долгогодишната блокада на европските интеграции, и се разбира, пред се, пред се, во културата на неказнивост.

Една од препораките на ГРЕКО, која остана не имплементирана, се однесува на примената на системот на санкции во однос на прекршување на правилата за конфликт на интереси, интегритет и антикорупција. Ваквите системски пропусти, воопшто, не се наивни. Оние кои корумпираат успеваат да ја избегнат одговорноста со помош на неколку тактики, од негирање на корупцијата, преку минимизирање на нејзините ефекти, одвлекување на вниманието на јавноста од проблемот, па сѐ до дискредитирање на критичарите или замолкнување на свиркачите.

Низ годините, за жал, корупцијата стана наше секојдневие, начин на живот, во кој, огромен сегмент од општеството верува дека без мито, непотизам, кронизам и клиентелизам не можете да напредувате. Една третина од граѓаните изјавуваат дека биле изложени на коруптивен притисок, а дури една четвртина од нив, посегнуваат или по паричникот или по телефонот за да дадат мито или да побараат врски.

Последиците од оваа состојба се видливи за сите нас, за сите граѓани. Корупцијата генерира сиромаштија и социјална неправда со што ги продлабочува поделбите во македонското општество, го забрзува иселувањето бидејќи практично го поништува системот на заслуги при вработувањето и унапредувањето.

Кога ќе продолжиме со преговорите за ЕУ, корупцијата беа сомнение ќе биде и најголемата пречка во процесот на европските интеграции. Преговорите за членство се отвораат и затвораат со поглавјето за владеење на право и фундаментални права, а, последниот извештај на Европската комисија констатира дека не е забележан напредок во борбата против корупцијата кај нас.

Почитувани,

Ако ова се проблемите, кои би биле можните решенија?

Прво, легислативата треба да биде целосно усогласена со европското законодавство. За да се излезе на крај и со најкреативните обиди за измами, мора да учиме од најдобрите европски и светски антикоруптивни практики.

Второ, не треба да ги мериме намерите, туку резултатите на антикорупцијата. Добрата легислатива не вреди ако не се имплементира и ако не важи подеднакво за сите. Во таа насока, државата, властите мора да ги поддржуваат институциите како што е Државната комисија за спречување на корупцијата, барем нејзиниот постојан состав, во нивната работа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА ПОПОВА ШАПКА Нема повеќе долги чекања за

02/10/2026
Македонија

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА СО ЈАСНА ПОРАКА ДО ФОН ДЕР ЛАЈЕН Македонија

02/10/2026
Македонија

ДРУГАРЧЕ НА ЗАЕВ ЈА ДЕЛЕШЕ ИНДИЈА, ПА СЕГА И НАС

02/10/2026
Македонија

37 ЛОКАЦИИ ПРЕТРЕСЕНИ, 21 ОСОМНИЧЕН, НАЈДЕН СЕФ СО НАД 50.000

02/10/2026
Македонија

МУЦУНСКИ ПОБАРА СРЕДБА СО БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА Разговорите би се одржале

02/10/2026
Македонија

КОЦЕВСКА СЕ СОМНЕВА ДЕКА ОДЛУКАТА ЗА ПРИТВОР НА ДЕКО Е

02/10/2026
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ДОСТАВИ ПРЕДЛОЗИ ЗА СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ ВО СДСМ Даваат

02/10/2026
Македонија

БРИСЕЛ СЕ ФОКУСИРА НА ДЕБЛОКИРАЊЕ НА ПРИСТАПНИОТ ПРОЦЕС НА МАКЕДОНИЈА

02/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45948
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА ПОПОВА ШАПКА Нема повеќе долги чекања за влез на скијачките патеки

02/10/2026

На Попова Шапка се поставени нови порти за скенирање на билетите пред жичниците и ски-лифтовите, со што ски-центарот најавува побрз

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА СО ЈАСНА ПОРАКА ДО ФОН ДЕР ЛАЈЕН Македонија заслужува да биде со најнапредните

02/10/2026

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на денешната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изразила благодарност за растечкиот

ДРУГАРЧЕ НА ЗАЕВ ЈА ДЕЛЕШЕ ИНДИЈА, ПА СЕГА И НАС ЌЕ НЀ ДЕЛЕЛ Кој е

02/10/2026

Австрискиот економист и политички активист Гинтер Фелингер-Јан, кој пред една година предизвика скандал со повик Индија да се „растури“ на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy