Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Обновувањето на снабдувањето со струја во Португалија би можело да потрае и до седум дена
Македонија

Обновувањето на снабдувањето со струја во Португалија би можело да потрае и до седум дена

28/04/2025

AA

Голем прекин на електричната енергија ги зафати повеќе региони во Португалија, предизвикувајќи сериозни проблеми. Според Националната енергетска мрежа (РЕН), целосното обновување на снабдувањето со струја би можело да потрае и до седум дена, имајќи ја предвид сложеноста на настанатиот дефект.

Според компанијата, прекинот на електричната енергија бил предизвикан од дефект на шпанската електроенергетска мрежа, кој, како што е наведено, е резултат на „редок атмосферски феномен“. Во исто време, заменик-министерот за територијална кохезија, Мануел Кастро Алмеида, изрази сомневање дека станува збор за можен кибер-напад, јавува португалскиот портал „Утрински вести“ (Correio da Manhã).

– Со оглед на тековните проблеми со мрежата, прогнозата за обновување на струјата останува неодредена и може да се продолжи, се наведува во соопштението на операторот со мрежата за дистрибуција на електрична енергија во континентална Португалија.

Поради прекинот на струја затворени се супермаркети, кафулиња и ресторани, а отежнато е и користењето на платежни картички и се создадоа огромни редици на банкоматите.

Аптеките работат со проблеми или не работат, додека болниците и аеродромите преминаа на работа со генератори.

Метрото во Лисабон е во прекин, во сообраќајот владее хаос бидејќи не работат семафорите, наведува порталот.

Судовите се отворени само за итни случаи, рекол извор од Министерството за правда.

Официјалните лица предупредуваат дека прекинот на струја може да влијае на водоснабдувањето и ги повикуваат граѓаните рационално да користат вода.

Високообразовните установи ја прекинаа наставата и активностите.

Владата на Португалија соопшти дека се надева дека ситуацијата ќе се регулира во текот на денот. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy