ОХРИЃАНЕЦ ЗАГИНА, МУ СЕ ПРЕВРТЕЛО КАНУТО Го нашле на околу 200 метри од брегот
Охриѓанец загина откако неговото кану се превртело во езерото, соопшти полицијата.
Попладнето на 10.10.2026 во полиција било пријавено дека во близина на месноста „Извиднички“, на околу 200 метри од брегот на Охридското Езеро, се превртело кану управувано од А.Н.(57) од Охрид.
На местото биле упатени полициски службеници и екипа на Итната медицинска помош, чиј лекар констатирал смрт кај лицето. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.
.
Извор: plusinfo.mk