Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Обложувалниците ќе бараат од Министерството за финансии да им ги врати парите за уплатените лиценци
Економија

Обложувалниците ќе бараат од Министерството за финансии да им ги врати парите за уплатените лиценци

09/02/2024

AA

Горан Стоименов од Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС.во денешниот разговор со Аон рече дека приредувачите на игри на среќа ќе бараат од Министерството за финансии да им ги врати парите од високите суми по разни основи уплатени за лиценците за работа.

Пред два дена Собранието ги изгласа измените на Законот за игри на среќа со кои обложувалниците и казината ќе треба да се дистанцираат на најмалку 500-тини метри оддалеченост од училиштата и тоа да го направат во рок од една година.

Приредувачите на игри на среќа, според претставникот на АПИС, ќе бараат отштета од државата, бидејќи министерството за финансии минатата година даваше лиценци на приредувачите на игри на среќа, а сега со дистанцата од 500 метри, ќе има затворање на голем број од објектите.

„Освен што ќе оспоруваме пред Уставниот суд, ќе бараме огромна штета да ни се исплати од страна на Министерството за финансии како давател на овие лиценци, затоа што бизнис проекциите за добивање на една лиценца, за оформување на еден објект за игри на среќа не се задоволуваат во период од шест години, тоа се долгорочни планови, така да со вештачења и проценки ќе бараме штета, која ќе падне на грбот на граѓанинот. Проблемот во Македонија е што немаме свест за одговорност. Никој нема да понесе одговорност за ова што се презема и што се уништи една комплетно законска индустрија и да ги понесе сите побарувања на штети кои ќе паднат на товар на граѓаните како тужби за надоместа на штета и да каже ние сме одговрни, ние ќе ги надоместиме“, посочи Стоименов во интервјуто на А1он.

Според него, се остава простор игрите на среќа да се одвиваат нелегално и целиот приход да отиде во нечии џебови, а државата да нема никаков приход од тоа. Со овој закон, над 90 отсто од актуелните објекти ќе мора да се затворат поради дистанцата која е донесена со предлог-измените.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ

13/10/2026
Македонија

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените

13/10/2026
Македонија

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО

13/10/2026
Македонија

СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЌЕ ДОНЕСЕ СТУД Променливо облачно и постудено

13/10/2026
Македонија

НИКОЛОСКИ ОЧЕКУВА СОФИЈА ДА ЈА ИСПОРАЧА МИХАИЛОВА Најголемиот проблем е

13/10/2026
Македонија

РАБОТОДАВЕЦОТ НА ЗАГИНАТИОТ ДУРМИШИ БАРА ПРАВДА „Михаилова мора да одговара

13/10/2026
Македонија

АЗИЗИ, ПЕЛИВАНОВ, РАИЧЕВИЌ, ХАЏИ ВАСИЛЕВА И ЦВЕТАНОВСКИ ВО ТРКА ЗА

13/10/2026
Македонија

ОД БРЕМЕНОСТА ДО ПРВИТЕ ЧЕКОРИ НА БЕБЕТО „Матрона“ и dm

13/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ ПОСАКАТ ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ Во

13/10/2026

Доколку се врати апетитот за проширување во 5 до 6 поголеми земји членки на Европската Унија, прашањето со Бугарија нема

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените што се соочуваат со рак

13/10/2026

  Во Офицерскиот дом во Битола вечерва се одржа настан „Розов пулс за Битола“ со цел подигнување на свеста за

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Истрагата ќе открие како

13/10/2026

Обвинетата Ива Михаилова, која викендов се појави на медиумите во Бугарија, нелегално ја напуштила државата, а истрагата ќе покаже како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy