
Обилните врнежи создадоа хаос, осум лица загинаа, 21 исчезна во поплавите во Бразил
Осум лица загинаа, а 21 се водат како исчезнати во поплавите предизвикани од обилните дождови во државата Рио Гранде до Сул во јужен Бразил.
Над 1.400 жители се раселени поради невремето, кое доведе до пораст на нивото на водата и поплави во 104 општини, пренесува Ројтерс.
Гувернерот Едуардо Леите изјави дека државата работи на пронаоѓање на исчезнати лица и за обезбедување на безбедноста на оние во загрозените области.