Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОЈО со детали за денешната акција во Струга: 23 лица уапсени, осомничени за трговија со дрога и оружје
Македонија

ОЈО со детали за денешната акција во Струга: 23 лица уапсени, осомничени за трговија со дрога и оружје

24/11/2023

AA

По повеќемесечна предистражна постапка, денеска под координација на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е спроведена полициска акција во охридско – струшкиот регион. Со акцијата е сузбиена повеќечлена криминална група чии членови, со цел противправно стекнување на имотна корист, подолг временски период се занимавале со неовластено набавување и продажба на наркотична дрога и оружје.

Во временскиот периодот од месец јануари 2023 година до месец ноември 2023 година, првоосомничениот, заедно со тројца други осомничени, како повеќе лица се здружиле заради неовластена продажба и пуштање во промет на наркотична дрога – кокаин, хашиш и марихуана и за таа цел купувале, држеле, пренесувале, продавале и посредувале во неовластена продажба на наркотичната дрога. Нелегалните активности во делот на продажбата ги вршеле во три мрежи заедно со 16 од останатите осомничени лица. Првоосомничениот неовластено набавувал наркотична дрога – кокаин или марихуана од НН лица од Албанија и набавената количина ја пренесувал и сокривал на безбедна локација на подрачјето на Општина Струга, по што дел од наркотичната дрога, наменета за брза продажба ја пренесувал во два угостителски објекти во Струга, а останатата количина на наркотичната дрога спакувана во помали пакувања се продавала преку мрежите воспоставени од останатите тројца организатори.

Воспоставениот modus operandi се одвивал на ист или сличен начин. Pрвоосомничениот ги организирал и ги одобрувал продажбите, па при секоја продажба откако припадниците на групата кои имале улога на препродавачи ќе стапеле во контакт со заинтересиран купувач на наркотична дрога, го информирале организаторот на мрежата на која припаѓале и по извршената купопродажба на наркотичната дрога, паричните средства ги предавале на организаторот, а тој на првоосомничениот кој како награда им давал процент од постигнатата цена. Кога заинтересираните купувачи на наркотични дроги, биле непознати на осомничените, се барало дозвола за продажба од првоосомничениот. Во зависност од побарувачката на заинтересирани купувачи, наркотичната дрога – кокаин спакувана во помали паковки се продавала по цена од 60 евра до 100 евра за 1 (еден) грам, 50 грама марихуана со висок квалитет по цена од 100-250 евра, додека масло од хашиш нелегално произведено во домашни услови се продавало по цена од 40 евра од кубик.

Во истиот временски период, четворица осомничени, се организирале како злосторничко здружение заради неовластено набавување, држење и продавање на огнено оружје и муниција кои на граѓаните им се забранети, а во тргувањето со оружје се приклучиле уште двајца од осомничените. Еден од организаторите од НН лица набавувал разно оружје и муниција што ги сокривал на безбедни локации на подрачјето на Општина Струга, по што останатите петмина осомничени контактирале со заинтересирани купувачи и им нуделе оружје и муниција за продажба.

Со дејствијата опишани во диспозитивот на Наредбата за спроведување на истражна постапка 20 лица се осомничени дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции од чл.215 ст.3 в.в. со ст.1 од Кривичен законик од нив тројца се осомничени и за сторено кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.6 в.в. со ст.1 од Кривичен законик, за кое дело се осомничени и останатите три лица.

Во акцијата од слобода се лишени 19 лица, три лица се недостапни на органите на прогонот, а едно лице е во притвор заради обид за убиство во друг кривично правен настан. Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје ќе предложи определување на мерката притвор за сите осомничени лица од кои за две лица ќе предложи мерка куќен притвор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Невремето во Струмичко предизвика серија пожари: Противпожарните екипи спасија повеќе

01/07/2026
Македонија

Кризниот штаб на Град Скопје на терен: Мобилизирани се сите

01/07/2026
Македонија

Силно невреме во Скопје: Поплавени улици, магацини и домови, заглавени

01/07/2026
Македонија

Доцентка од Универзитетот „Гоце Делчев“ побарала поткуп од 300 евра

01/07/2026
Македонија

ЦУК: Поплавени подруми и подвозници, заглавени возила и други опасности

01/07/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Кризниот штаб и службите се целосно мобилизирани по невремето

01/07/2026
Македонија

ФОТО Опасност за возачите во Бутел: По невремето во Скопје

01/07/2026
Македонија

Поплавен булевар Србија, полицијата забрани пристап – семафорите не работат

01/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44089
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Невремето во Струмичко предизвика серија пожари: Противпожарните екипи спасија повеќе села од поголема штета

01/07/2026

Краткото, но интензивно невреме кое го зафати струмичкиот регион предизвика серија технички дефекти и пожари на отворено, што наложи итна

Кризниот штаб на Град Скопје на терен: Мобилизирани се сите јавни претпријатија

01/07/2026

Силното невреме кое денеска во попладневните часови го зафати Скопје го крена на нозе Кризниот штаб на Град Скопје. Службите

Силно невреме во Скопје: Поплавени улици, магацини и домови, заглавени возила во подвозниците

01/07/2026

Поради невремето кое во попладневните часови го зафати подрачјето на Град Скопје, преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy