Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Новите измени на КЗ предизвикуваат револт: Државните службеници и министри може да избегнат одговорност за несовесно работење!?
Македонија

Новите измени на КЗ предизвикуваат револт: Државните службеници и министри може да избегнат одговорност за несовесно работење!?

18/12/2025

AA

Новите измени на Кривичниот законик, поднесени од девет пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, предизвикаа загриженост кај стручната јавност. Иако се предвидува заострување на казните за „Злоупотреба на службената положба и овластување“, највисоката казна сега е 10 години, наместо 20 како досега.

Експертите реагираат дека со измените се иззема одговорноста на службениците во државната управа, вклучувајќи ги и министерствата, за несовесно работење. Ставот 5 од членот 353в, кој предвидуваше казна затвор од шест месеци до три години за такви случаи, е избришан.

Исто така, новиот член 353 став 5 за злоупотреби при јавни набавки предвидува затвор од една до осум години, или четири до десет години во случаи на голема штета или корист. Експертите предупредуваат дека во пракса малку веројатно е да произлезат обвиненија, бидејќи реалните злоупотреби се прават во друга насока.

Измените се поднесени од група пратеници, а не од Министерството за правда, кое го подготвува новиот Кривичен законик. Од Владата велат дека нацрт-верзијата е во завршна фаза и ќе биде усогласена со три нови ЕУ директиви, по што ќе влезе во собраниска процедура.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вонреден инспекциски надзор во Струмица, Штип и Скопје, случајот со

03/08/2026
Македонија

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според

02/08/2026
Македонија

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото

02/08/2026
Македонија

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили

02/08/2026
Македонија

Ангелов: Под контрола дваесетина пожари ширум земјава, водата во Гостивар

02/08/2026
Македонија

Вкупно 21 пожар низ Македонија, се уште активни во Крива

02/08/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид: Четири лица повредени, од кои

02/08/2026
Македонија

Дете од Берово испило капсула за перење алишта

02/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44817
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вонреден инспекциски надзор во Струмица, Штип и Скопје, случајот со пациентката ќе се испита темелно

03/08/2026

Во врска со случајот што во последните дена е предмет на јавен интерес, а се однесува на третманот на пациентка,

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според Рихтер

02/08/2026

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека вечерва е регистриран слаб земјотрес во скопското епицентрално подрачје. ​Според официјалните

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото повеќепартиско Собрание и долгогодишен претседател

02/08/2026

Во 103. година од животот почина д-р Никола Стојановски, потврди неговото семејство. Тој беше првиот претседавач на повеќепартиското Собрание на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy