Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НОВИНАРОТ МАРЈАН ДОКАЗ НЕ Е ВИНОВЕН ЗА УЦЕНА И ЗА ИЗНУДА Врховниот суд ја потврди ослободителната пресуда на Апелација Скопје
Македонија

НОВИНАРОТ МАРЈАН ДОКАЗ НЕ Е ВИНОВЕН ЗА УЦЕНА И ЗА ИЗНУДА Врховниот суд ја потврди ослободителната пресуда на Апелација Скопје

01/03/2026

AA

Врховниот суд ја отфрли жалбата на Вишото јавно обвинителство и ја потврди ослободителната пресуда на Апелацискиот суд Скопје за новинарот Марјан Стаменковски.

Апелација во септември 2025 година го ослободи Стаменковски од обвинението за уценување и за изнуда, односно дека како сопственик на интернет порталот ДоказМ се обидел да прибави противправна имотна корист, со закана дека ќе објави текст, компромитирачки фотографии, документи, аудио и видео снимки со кои ќе му наштети на угледот на оштетениот Роберт Петров, вработен во Царинската управа, како семеен човек, и со тоа се обидел да го присили да стори нешто на штета на својот имот.

На 10 февруари 2023 година, Стаменковски беше притворен и во притвор помина 4 месеци за овој предмет.

„Почитувани, со горчлив вкус, сепак среќен што правда сепак има, ве известувам дека со одлука на Врховниот суд се потврдува пресудата донесена од Апелациониот суд со која јас, Марјан Стаменковски, сопственик на згаснатиот портал ДоказМ, сум ослободен од обвиненија за рекет, уцена и за изнуда, подигнати од Основното обвинителство по барање на цариник во февруари 2023 година. После 4 месеци притвор и скоро 28 месеци робија, правдата чукна и на мојата врата“, објави Стаменковски.

Задоцнета правда за мене е неправда, додаде тој.

„Инаку, три пати Основниот суд ме осудуваше, а три пати Апелација го враќаше предметот на повторно судење. За на крај тие да изведат судење и да ме ослободат. По жалба на Вишото јавно обвинителство до Врховен суд, добив и пресуда од Врховниот суд дека не сум уценувач и рекетар, затоа што и не сум. Оваа правна голгота ме чинеше здравје и лоши денови за моето семејство. Сакам да се заблагодарам на сите пријатели и луѓе од медиумите кои ми дадоа поддршка, уште повеќе за сите оние кои, евидентно на „Гугл“, ме правеа рекетар – отвори, пиши „Марјан Доказ“ и сè ќе биде јасно“, вели Стаменковски.

Фото: Принтскрин

 

Се надевам дека мојов пример ќе биде доволен доказ дека јавноста ќе има желудник и за малку поинаков став и новинарски израз, а судот нема да уништува судбини, посебно во првостепените постапки каде јавноста отсекогаш очекувала крв, додава Стаменковски.

„И да се разбереме – поранешната власт ми го стокми ова со име и презиме. Ним нема да им простам никогаш. Тоа го должам на моето семејство“, порачува новинарот.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
Македонија

15 пожари низ Македонија, моментално два активни

11/08/2026
Македонија

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство: Едно семејство со

11/08/2026
Македонија

Сиљановска на дебата со младите: Тешката битка со меѓуврсничкото насилство се

11/08/2026
Македонија

Драматичен пад на нивото на Дунав ја загрозува романската нуклеарка:

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44966
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026

По забелешките за употребата на несоодветен симбол на концертот „Силно светнал ден“ во Охрид, во Битола грешката е коригирана. На

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија и го пренесоа на ветеринар

11/08/2026

Срнак бил удрен од возило на патниот правец кон Кичево, по што хумани граѓани веднаш интервенирале за да му помогнат.

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му украле 3.500.000 денари

11/08/2026

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.М.(28) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy