Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НОВИ ЗАДОЛЖУВАЊА: Владата бара пари за нови електроенергетски проекти на ЕСМ и МЕПСО
Економија

НОВИ ЗАДОЛЖУВАЊА: Владата бара пари за нови електроенергетски проекти на ЕСМ и МЕПСО

16/09/2024

AA

Во најновиот само што објавен записник од една од последните седници на Владата е објавено дека ќе се аплицира за почетни грантови за нови електроенергетски проекти поврзани со работењето на АД ЕСМ и АД МЕПСО.

Ќе се аплицира за грантови за техничка помош за изработка на проектна документација за „Соларно централно греење во Битола“, најверојатно поврзано со актуелната изградба на топловодот од РЕК Битола до самиот град, понатаму „Систем за батериско складирање на електричната енергија“, нешто што во моментов уште не е развиено во Македонија но со тоа ќе може да се чува струјата во периодите кога нема сонце и кога е скапа на пазарот, како и „SCADA систем“ (автоматизирање на работењето) и „софтвер за планирање на производството и тргување со електричната енергија“. 

Овие проекти се поврзани со АД ЕСМ, а ќе се аплицира и за грант за техничка помош за „Озеленување и дигитализација на преносната мрежа во Југозападна Македонија и Пелагонија“, што ќе оди преку АД МЕПСО. Нема повеќе детали за што би се користеле и со која економска логика.

По она што може да се прочита од записникот од владината седница одржана на 6 септември може да се заклучи дека станува збор за новоосмислени проекти за кои ќе бидат потребни нови задолжувања доколку грантовите за „физибилити студија, анализа на пазарот, студија за оцена на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти, идеен проект и тендерска документација“ се покажат како издржани.

Во моментов нема информации колкаво би било задолжувањето за реализацијата на овие проекти доколку техничката помош даде „зелено светло“ да започне процесот, но јасно е дека станува збор за нови идеи кои досега не се споменуваа, барем не на широко, во јавноста.

Владата им наложила на ЕСМ и МЕПСО заедно со Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини веднаш да ги изработат апликациите. Во овој контекст во записникот се споменува и Европската банка за обнова и развој, кој во случајов треба да биде финансиерот.

Министерството за финансии треба да испрати писмо за поддршка до Европската комисија и ЕБОР, а апликацијата потоа да ја поднесе Министерството за европски прашања. 

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица,

17/02/2026
Македонија

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП

17/02/2026
Македонија

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените

17/02/2026
Македонија

МУРТЕЗАНИ ВО БРИСЕЛ, МАНГОВА ВО ЛОНДОН, ИЉАЗОСКА ВО ХАГ… Владата

17/02/2026
Македонија

Владата ја „освежува“ дипломатијата: Орхан Муртезани оди во НАТО, Илина

17/02/2026
Македонија

„Повредата на данскиот скијач не се случи на патека под

17/02/2026
Македонија

СИНДИКАТОТ БАРА НЕШТО ШТО СДСМ 7 ГОДИНИ НЕ МУ ГО

17/02/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова на средба со Никол Варнс: САД остануваат стратешки партнер

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41591
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица, еден бил и пијан

17/02/2026

Осум возачи биле приведени во текот на вчерашниот ден во различни градови низ државата поради сериозни прекршоци во сообраќајот. Седуммина

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП Ги злоупотребуваа државните ресурси, а

17/02/2026

СДСМ повторно покажува дека нема никаква визија и идеја за развој на Македонија,  без идеи секојдневно растура пердуви во јавноста

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените подрачја се санираат!

17/02/2026

Обилните врнежи од дожд предизвикаа драстичен пораст на нивото на реките низ целата држава, оставајќи ги надлежните служби во состојба

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy