Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нови можности за економска соработка со Франција: Деловниот клуб при СКСМ со ново раководство и план за 2025
Економија

Нови можности за економска соработка со Франција: Деловниот клуб при СКСМ со ново раководство и план за 2025

04/03/2025

AA

Деловниот клуб за соработка со Франција и франкофонските земји при Стопанската комора на Северна Македонија денеска избра ново раководство и ја усвои програмата за работа за 2025 година. За претседател на Клубот едногласно беше изгласан Гоце Марков од „Тиквеш“, а членовите се согласија на активности насочени кон јакнење на деловните врски со француските партнери.

На седницата присуствуваа компаниите членки на Клубот, како и претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, и амбасадорот на Франција во Северна Македонија, Н.Е. Кристоф Ле Риголер.

Амбасадорот Ле Риголер истакна дека, иако француското економско присуство во Северна Македонија е скромно, интересот за инвестиции е зголемен.

„Постои потенцијал за унапредување на соработката. Искажувам благодарност до Стопанската комора и нејзиниот претседател за оваа иницијатива. Да ги зголемиме економските врски меѓу двете земји. Иако не сме отсутни, нашето присуство е на скромно ниво, што не соодветствува со високото ниво на билатералните односи меѓу Франција и Северна Македонија“, нагласи амбасадорот.

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, потенцираше дека како најголема бизнис-асоцијација Комората е посветена на поттикнување на меѓународната економска соработка и обезбедување нови можности за македонските компании.

„Нам ни треба здружување и заеднички настап на пазарите, а од Француската амбасада очекуваме максимална поддршка во процесот на градење посилни економски врски. Македонските компании и иноватори се подготвени и мотивирани за настап на европските пазари, користејќи ја својата конкурентност и иновативност за постигнување поголем успех“, изјави Азески.

Во Деловниот клуб членуваат македонски и француски компании, и неговата основна цел е да биде место за размена на искуства и добри практики, и воедно да им помага на македонските, француските и франкофонските компании подобро да ги разменат нивните идеи, размислувања со цел да се здружат и заеднички да настапуваат на трети пазари, како и да придонесат за привлекување на нови инвеститори и компании кои успешно ќе работат овде.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ НЕМАЛА СОЗНАНИЈА ЗА АЛТА БАНКА ЗА КОИ

11/11/2026
Македонија

АЛТА БАНКА БЕШЕ СОЛВЕНТНА ПРЕД ВОВЕДУВАЊЕТО АДМИНИСТРАЦИЈА, СО ДОБРО КРЕДИТНО

11/11/2026
Македонија

ВЛЕН БАРА ИСТРАГА ЗА ТРАНСАКЦИИ ВО АЛТА БАНКА НА ФИРМА

11/11/2026
Македонија

ШТО МОЖЕ И ШТО СМЕЕ ДА СТОРИ ПРЕМИЕРОТ ВО СЛУЧАЈОТ

11/11/2026
Македонија

ВО ПОПРАВЕН ДОМ СЕ УПАТЕНИ ЧЕТИРИ МАЛОЛЕТНИЧКИ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

11/11/2026
Македонија

НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА Избрани се

11/11/2026
Македонија

ЗА НАБАВКА НА ТЕРМИНАЛИТЕ БИЛЕ ПЛАТЕНИ 9,69 МИЛИОНИ ЕВРА На

11/11/2026
Македонија

ВНИМАНИЕ, ПАК СЕ ШИРАТ ЛАЖНИ КАЗНИ ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ Полицијата

11/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46731
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ НЕМАЛА СОЗНАНИЈА ЗА АЛТА БАНКА ЗА КОИ БИЛО ПОТРЕБНО ДА СЕ ИЗВЕСТУВА

11/11/2026

Агенцијата за разузнавање во периодот на влез на Алта банка во државата не располагала со разузнавачки сознанија што би укажувале

АЛТА БАНКА БЕШЕ СОЛВЕНТНА ПРЕД ВОВЕДУВАЊЕТО АДМИНИСТРАЦИЈА, СО ДОБРО КРЕДИТНО ПОРТФОЛИО Администраторот Андовски посочи дека

11/11/2026

Со одлуката на Народната банка за воведување администрација во Алта банка АД Битола не е утврдено дека банката е несолвентна,

ВЛЕН БАРА ИСТРАГА ЗА ТРАНСАКЦИИ ВО АЛТА БАНКА НА ФИРМА БЛИСКА ДО АХМЕТИ Да се

11/11/2026

Денеска јавноста беше потресена од информациите за финансиските врски меѓу компании блиски до семејниот круг на Али Ахмети и белградската

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy