Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Новата директорка на германската комора: Инвестиција за производство на батерии доаѓа во Македонија, рецесијата нема да влијае на размената
Економија

Новата директорка на германската комора: Инвестиција за производство на батерии доаѓа во Македонија, рецесијата нема да влијае на размената

26/05/2023

AA

Новата директорка на Германската стопанска комора (АХК) во Македонија, Антје Ванделт, на својата прва средба со медиумите објави дека германската компанија за напредни батериски системи ќе биде следната германска инвестиција во земјата.

– Тоа е компанија која произведува батерии за мопеди, тротинети и други помали производи од индустријата. Бидејќи им се брза и сакаат што поскоро да започнат со производство, инвестицијата ќе биде браунфилд, што значи дека ќе превземат некоја постоечка фирма која има готов објект, а потоа ќе одат на гринфилд инвестирање, најави Ванделт.

Таа не откри каде ќе биде инвестицијата, но додаде дека во канцеларијата на АХК постојано ѕвони телефонот од страна на потенцијални германски инвеститори кои се заинтересирани да дојдат во Македонија.

Ванделт претходно ја претставувала германската комора во Латинска Америка и во Русија. Нејзиниот став е дека македонските работници не треба да заминуваат во странство, туку да вложуваат во своето стручно знаење.

– Секаде има недостиг од стручни кадри. Знам дека емиграција на работници имаше од Латинска Америка во САД. Не е работата во тоа колкав е бројот на работници на кој можеме да се потпреме, туку колку тие се квалификувани.. Треба да се инвестира во образованието и во професии за кои пазарот на труд има потреба. Треба да биде и јасно дека квалификуваните работници треба да бидат и добро платени, смета новиот предводник на АХК.

Венделт најави дека во иднина во Македонија на цена ќе бидат механтроничарите и индустриските техничари, а приоритетно ќе биде и да се стабилизираат синџирите на снабдување, индустриското производство да не се концентрира само на автомобилските компоненти туку да се прошири и на другите потреби за примарниот германски пазар, да се вложува во зелената енергија и во третманот на отпад.

Германија бележи пад два квартали по ред и од вчера официјално влезе во рецесија, но според Венделт, тоа нема да влијае негативно на трговската размена со Македонија и воопшто на македонската економија, која е екстремно зависна од германската.

– Имаме пад на личната потрошувачка поради инфлацијата. Цените за греење беа многу високи во изминатиот период и тоа значеше дека помалку ќе се троши за други работи. Во следниот период сметките за струја и гас нема да бидат високи и потрошувачката повторно ќе се придвижи, вели таа.

Ванделт во таа насока потсети дека во 2022 трговската размена помеѓу Германија и Македонија изнесувала 4,8 милијарди евра на ново повисоко рекордно ниво.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на

25/09/2026
Македонија

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во

25/09/2026
Македонија

ПАРТИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ Е ВО ИЗУМИРАЊЕ Се противат на рудници,

25/09/2026
Македонија

68-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ПО ПОЖАРОТ ВО РАДОВИШКО Полицијата вели дека го

25/09/2026
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СРЕДНИОТ КОРИДОР Е УШТЕ

25/09/2026
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СПОРО СЕ ГРАДИ Вигенин

25/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ НАЈУБАВИТЕ ЗЕМЈИ ШТО СУМ ГИ ВИДЕЛ, РЕКЛАМИРАЈТЕ

25/09/2026
Македонија

УНИШТЕНИ 202 ЛИТРИ, ОДНОСНО КИЛОГРАМИ СЛАДОЛЕД И МРАЗ Контролирани 560

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45797
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на нива кај Ораовица

25/09/2026

77-годишен жител на Радовиш починал на нива во атарот на радовишкото село Ораовица, откако врз него паднала гранка од топола

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во зимскиот период

25/09/2026

Крајно време е Венко Филипче да си замине од СДСМ. Она што луѓето од Платформата 12.05 одлучно и јавно му

ПАРТИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ Е ВО ИЗУМИРАЊЕ Се противат на рудници, дата центри, на сè што

25/09/2026

  Венко Филипче со јавните настапи изгледа очајно, а партијата му е во изумирање, па затоа нека се посвети малку

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy