Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нова можност за младите: Пивара Скопје ја лансира „Youth Empowered“ Академијата за млади
Македонија

Нова можност за младите: Пивара Скопје ја лансира „Youth Empowered“ Академијата за млади

22/04/2026

AA

Со фокус на дигиталните и ВИ вештини, денес започна Youth Empowered Пивара Скопје Академијата за млади – бесплатна едукативна платформа насочена кон унапредување на знаењата и вештините на младите, со цел нивна поголема конкурентност на пазарот на труд и активно учество во заедницата.

Стартот на Академијата беше одбележан со панел-дискусија на Економскиот факултет во Скопје, на која учествуваа: министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, деканот на Економскиот факултет, проф. д-р Мијалче Санта, како и генералниот директор на Пивара Скопје, Огњен Лазиќ.

„Секогаш велам дека, како и кај куќата, најважен е темелот, така и секоја успешна кариера се гради на вистинските знаења и вештини. Со Youth Empowered Академијата на Пивара Скопје, на младите им даваме практични алатки, релевантни вештини и слобода да ги истражуваат и применуваат новите знаења. Пивара Скопје вложува во вакви програми затоа што веруваме дека успешните компании имаат одговорност да придонесуваат кон развојот на заедницата во која работат. Youth Empowered прорамата е наш начин да ги поддржиме новите генерации да учат, пробуваат и да успеат во иднината“ изјави Огњен Лазиќ, генерален директор на Пивара Скопје. Тој им порача на младите: „Youth Empowered програмата ви дава можност да ја поврзете теоријата од факултет со реалниот деловен свет. Искористете го ова искуство максимално, поставувајте прашања, истражувајте и бидете љубопитни, затоа што љубопитноста е најдобрата инвестиција во вашата кариера“.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, пред студентите ја претстави заложбата за дигитална трансформација со цел да им овозможи на младите пристап до модерната технологија. „Како Влада на сите студенти на додипломски студии од државните и приватните универзитети им овозможивме ваучер за ИТ уред од 15.300 денари. Со над 90 милиони денари го поддржавме УКИМ преку ФИНКИ како носител на проектот Везилка, центарот за вештачка интелигенција на македонски јазик кој е во финална фаза. Го дигитализиравме пакетот услуги од Државниот завод за статистика со кој што студентите ќе можат електронски да ги пополнуваат документите кои до сега ги пополнуваа во хартиена форма “, посочи Андоновски.

Деканот на Економскиот факултет, проф.  д-р Мијалче Санта гледа голем потенцијал во соработката на факултетите и бизнисот. „Високото образование и приватниот бизнис се надополнуваат. Преку ваквите соработки и партнерства може да се креираат заеднички решенија и можности за подлабока едукација и практични искуства кои ќе им овозможат на студентите да креираат вредност не само при вработувањето, туку и да испорачаат вредност во самите бизниси“, рече деканот Санта. Тој го водеше и првиот модул на Академијата, посветен на вештачката интелигенција (ВИ), во кој се осврна на практичната примена на ВИ алатките во образованието, работата и кариерниот развој.

Youth Empowered Пивара Скопје Академијата за млади опфаќа осум тематски области, меѓу кои лидерство, одржливост, општествена одговорност, медиумска писменост, меки и презентациски вештини. Во рамки на програмата, во 2026 година ќе се реализираат 22 физички обуки во Скопје и други градови низ државата. Новитет во рамки на унапредената Youth Empowered Академија е и едукативната онлајн платформа со 10 модули, која, покрај бесплатните обуки во живо, нуди дополнителен, флексибилен пристап до знаење. Платформата е достапна преку веб-страницата на Пивара Скопје.

Во изминативе 10 години преку оваа програма на Пивара Скопје, над 12.000 млади луѓе од цела земја се стекнаа со вештини кои им помогнаа при вработување и основање свои бизниси.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се тестираше градскиот воз: Од Маџари до центарот на Скопје

12/06/2026
Македонија

Пет лица приведени од вкупно шест пријави за семејно насилство

12/06/2026
Македонија

Падна Фејсбук: Корисници пријавуваат проблеми со пристапот до апликацијата

12/06/2026
Македонија

Уапсен македонски државјанин во Албанија со килограм хероин скриен во

12/06/2026
Македонија

Крај на исплатите во готовина? Се подготвуваат измени за брзите

12/06/2026
Македонија

Муцунски од Истанбул: Време е политичкото партнерство со Турција да

12/06/2026
Македонија

Наташа Крстевска-Цалева повторно на чело на Вишото јавно обвинителство Скопје;

12/06/2026
Македонија

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат

12/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43734
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се тестираше градскиот воз: Од Маџари до центарот на Скопје за речиси пет минути

12/06/2026

Во рамките на конференцијата „Traffic for All – Skopje“, организирана од здружението „Go Green“, медиуми и учесници најпрво патуваа со

Пет лица приведени од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие

12/06/2026

Ноќеска (12.06.2026) во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 59-годишна жителка на струмичко село. Според пријавеното, таа

Падна Фејсбук: Корисници пријавуваат проблеми со пристапот до апликацијата

12/06/2026

Попладнево голем број корисници пријавуваат проблеми со пристапот до социјалната мрежа Фејсбук, откако апликацијата престана да функционира. Според пријавите на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy