Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нова државна поддршка за занаетчии и мали фирми: 11,3 милиони денари за модернизација и раст на конкурентноста
Македонија

Нова државна поддршка за занаетчии и мали фирми: 11,3 милиони денари за модернизација и раст на конкурентноста

16/05/2026

AA

Занаетчиите, микро, малите и средните претпријатија ќе имаат можност да добијат финансиска поддршка од државата во висина од 11,3 милиони денари (околу 185 илјади евра), наменета за модернизација на производството и зајакнување на конкурентноста на домашниот пазар и пошироко.

Мерката предвидува кофинансирање од 40 отсто од оправданите трошоци, но не повеќе од 200 илјади денари (околу 3.252 евра) по апликант. Средствата ќе може да се користат за набавка на нови машини и алати со цел подобрување на продуктивноста и технолошката опременост.

Јавниот повик, кој го објави Министерството за економија и труд, се однесува на инвестиции реализирани во текот на 2025 и 2026 година, а крајниот рок за аплицирање е 30 јуни.

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, истакна дека целта на мерката е директна поддршка на домашните компании и подобрување на условите за работа.

„Целта на поддршката е да им се помогне на домашните компании да го модернизираат производството и да ја зголемат продуктивноста, создавајќи истовремено и подобри услови за работа“, изјави Дурмиши.

Тој додаде дека Владата продолжува со континуирана поддршка за малите бизниси и преработувачката индустрија, со фокус на раст и развој на домашната економија.

Според условите на повикот, право на учество имаат компании со мнозински домашен капитал и занаетчии регистрирани согласно закон, кои работат најмалку 12 месеци, имаат позитивен финансиски резултат во 2025 година и ги имаат подмирено обврските кон државата и вработените. Дополнително, апликантите не смеат да ја надминат границата за државна помош, а од програмата се исклучени фирми кои веќе користеле слична поддршка во претходните години.

Покрај оваа мерка, министерот најави и нови повици насочени кон иновации и унапредување на индустријата. Еден од нив предвидува кофинансирање од 70 отсто за воведување и сертификација на меѓународни стандарди, со максимална поддршка до 200 илјади денари по компанија.

„Со ова сакаме да им помогнеме на компаниите полесно да ги исполнат меѓународните стандарди, да се вклучат во глобалните синџири на добавувачи и да ја зголемат извозната конкурентност“, изјави Дурмиши.

Другиот повик е насочен кон соработка меѓу бизнис секторот и универзитетите, со вкупен фонд од пет милиони денари и исто така кофинансирање до 70 отсто.

Од Министерството апелираат компаниите и занаетчиите навремено да се информираат и да аплицираат, при што сите детали за условите и потребната документација се достапни на официјалната веб-страница.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МИЦКОСКИ НЕМА ДА СЕ ЗАНИМАВА СО КОСКИ ОД МИНАТОТО Премиерот

23/10/2026
Македонија

ИСТРАГА ЗА ВЕЛЕШАНЕЦОТ КОЈ НУДЕЛ „КУБАНСКИ ВАКЦИНИ“ ПРОТИВ РАК Обвинителството

23/10/2026
Македонија

БРИСЕЛ ПОВТОРНО СО ПОРАКА ДО СКОПЈЕ, УСТАВНИ ИЗМЕНИ ЗА НОВ

23/10/2026
Македонија

ТРОЈЦА ЛАУРЕАТИ СО ДРЖАВНАТА НАГРАДА „23 ОКТОМВРИ“ Јолевски за уметноста,

23/10/2026
Македонија

ТАТКОВИНАТА СЕ СОЗДАВАШЕ НИЗ ЛЕЛЕЦИ И КРИЦИ, НЕ СО АПЛАУЗИ

23/10/2026
Македонија

ГО НАМАМИЛЕ, ГО НАПАДНАЛЕ И ГО ОГРАБИЛЕ Вработена спречила можен

23/10/2026
Македонија

📽️ ВО ЖИВО: „СВОИ НА СВОЕТО!“ Свечена академија за 23

23/10/2026
Македонија

СОЛУН ЌЕ БИДЕ НАШ И ОВОЈ ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД Колони на

23/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46337
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МИЦКОСКИ НЕМА ДА СЕ ЗАНИМАВА СО КОСКИ ОД МИНАТОТО Премиерот вели дека неговиот фокус се

23/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека неговата задача не е да се занимава со „коски од минатото“, туку да обезбеди иднина

ИСТРАГА ЗА ВЕЛЕШАНЕЦОТ КОЈ НУДЕЛ „КУБАНСКИ ВАКЦИНИ“ ПРОТИВ РАК Обвинителството бара да му биде одземен

23/10/2026

Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет против едно лице за кривични дела – Измама од член 247 и

БРИСЕЛ ПОВТОРНО СО ПОРАКА ДО СКОПЈЕ, УСТАВНИ ИЗМЕНИ ЗА НОВ ЧЕКОР КОН ЕУ Кос се

23/10/2026

Еврокомесарката за проширување порача дека Македонија има можност да напредува заедно со другите земји од регионот, но од домашните политичари

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy