Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МИЦКОСКИ НЕМА ДА СЕ ЗАНИМАВА СО КОСКИ ОД МИНАТОТО Премиерот вели дека неговиот фокус се идните генерации
Македонија

МИЦКОСКИ НЕМА ДА СЕ ЗАНИМАВА СО КОСКИ ОД МИНАТОТО Премиерот вели дека неговиот фокус се идните генерации

23/10/2026

AA

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека неговата задача не е да се занимава со „коски од минатото“, туку да обезбеди иднина за идните генерации. Осврнувајќи се на спорот со Бугарија, тој истакна дека е важно Македонија да биде трпелива и мудра во процесот на европска интеграција, но и да не отстапува од своите национални интереси.

– Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски што припаѓаат на минатото, туку со обезбедување иднина што им припаѓа на нашите деца. Да учиме од грешките од минатото. И затоа седнавме на маса за дијалог, од која тие долго бегаа и велеа дека тоа е невозможно. Не велам дека тоа е само мој успех, но е заеднички чекор напред – порача Мицкоски на Свечената академија по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Мицкоски истакна дека членството во Европската Унија е важно за Македонија да може рамноправно да учествува во процесите на одлучување и да ги брани своите интереси.

Според него, Бугарија почнала да ги отвора прашањата за добрососедските односи и историските личности откако станала членка на ЕУ, користејќи ги механизмите на Унијата за да го блокира македонскиот евроинтегративен процес.

– Ете затоа е важно и ние да бидеме таму, а нашата борба за таа цел мора да биде исполнета со мудрост, знаење и единство. Ова не го кажувам за да укажам на неправедните игри кон нашата татковина, туку поради потребата да бидеме трпеливи и да дејствуваме на долги патеки – рече Мицкоски.

Тој нагласи дека нема да реагира импулсивно на провокациите и притисоците, туку ќе одговара со разум, принципи и отпорност. Политиката, како што посочи, ја гледа како маратон, а не како трка на 100 метри.

Мицкоски порача дека нема да отстапи од она што го смета за интерес на македонскиот народ, ниту од политиката што ги застапува македонските национални интереси.

– И Бугарија да договори стотина како опозицијата, кои ќе велат: „Бланко внеси ги Бугарите во Уставот, па потоа сè друго“, одговорот ќе биде дека никогаш нема да отстапам од она што е интерес на мојот народ. Ниту има сила што ќе ме поколеба да водам исправна промакедонска политика. Затоа што за сите нив најчудно е и најголем грев е да си Македонец што се бори за македонските интереси. Може сè да ти простат, но да си свој на своето – не. И народот тоа многу добро го гледа, а тоа го покажуваат и бројките од анкетите. Народот знае дека тие се мекото ткиво на нашата татковина – истакна премиерот.

Осврнувајќи се на историските прашања, Мицкоски рече дека македонското историско паметење не зависи од одобрувањето на други и дека никакви притисоци не можат да ја избришат улогата на Гоце Делчев во македонската историја.

– А на оние што се кројачи на историјата и мислат дека со вето можат да ни ја прекројат историјата, им порачувам: нашето паметење не подлежи на нивно одобрување. Ниту еден притисок не може да го избрише Гоце Делчев од срцето на македонскиот народ. Затоа што Гоце е вткаен во нашата борба, во нашата слобода, во нашето постоење… Гоце е Македонија! – порача Мицкоски.

Во обраќањето, премиерот се осврна и на безбедносните состојби во Европа и на Балканот. Тој оцени дека растот на протестите и насилството, како и активностите на различни служби во регионот, создаваат ризик од обиди туѓите проблеми да се пренесат во земјава.

Мицкоски предупреди на можни провокации и обиди за наметнување етнички теми, повикувајќи ги граѓаните да бидат внимателни и да не подлегнуваат на манипулации.

– Затоа е многу важно народот да биде високо свесен, да не потпаѓа на разни провокации и да не се наметнуваат вештачки прашања или хиперболизирани етнички теми. На тој начин, профитерите од таквите кризи нема да бидат меѓу народот, туку оние што со децении живеат на грбот на народот – рече Мицкоски.

Тој порача дека нема да дозволи, како што рече, нечесни игри и политички авантури. Државата, според него, треба да се води со отвореност кон реалноста, разбирање за потребите на граѓаните и подготвеност да се исправат направените грешки.

– Ќе има тешкотии и ќе има одлуки за кои ќе се водат сериозни расправи. Нашата обврска е да објасниме, да сослушаме, да признаеме кога нешто треба да се поправи и да го поправиме. Држава се води со отворени очи за стварноста и со чувство за животот на луѓето – порача Мицкоски.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

МИЦКОСКИ НЕМА ДА СЕ ЗАНИМАВА СО КОСКИ ОД МИНАТОТО Премиерот

23/10/2026
Македонија

ИСТРАГА ЗА ВЕЛЕШАНЕЦОТ КОЈ НУДЕЛ „КУБАНСКИ ВАКЦИНИ“ ПРОТИВ РАК Обвинителството

23/10/2026
Македонија

БРИСЕЛ ПОВТОРНО СО ПОРАКА ДО СКОПЈЕ, УСТАВНИ ИЗМЕНИ ЗА НОВ

23/10/2026
Македонија

ТРОЈЦА ЛАУРЕАТИ СО ДРЖАВНАТА НАГРАДА „23 ОКТОМВРИ“ Јолевски за уметноста,

23/10/2026
Македонија

ТАТКОВИНАТА СЕ СОЗДАВАШЕ НИЗ ЛЕЛЕЦИ И КРИЦИ, НЕ СО АПЛАУЗИ

23/10/2026
Македонија

ГО НАМАМИЛЕ, ГО НАПАДНАЛЕ И ГО ОГРАБИЛЕ Вработена спречила можен

23/10/2026
Македонија

📽️ ВО ЖИВО: „СВОИ НА СВОЕТО!“ Свечена академија за 23

23/10/2026
Македонија

СОЛУН ЌЕ БИДЕ НАШ И ОВОЈ ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД Колони на

23/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46337
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИСТРАГА ЗА ВЕЛЕШАНЕЦОТ КОЈ НУДЕЛ „КУБАНСКИ ВАКЦИНИ“ ПРОТИВ РАК Обвинителството бара да му биде одземен

23/10/2026

Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет против едно лице за кривични дела – Измама од член 247 и

БРИСЕЛ ПОВТОРНО СО ПОРАКА ДО СКОПЈЕ, УСТАВНИ ИЗМЕНИ ЗА НОВ ЧЕКОР КОН ЕУ Кос се

23/10/2026

Еврокомесарката за проширување порача дека Македонија има можност да напредува заедно со другите земји од регионот, но од домашните политичари

ТРОЈЦА ЛАУРЕАТИ СО ДРЖАВНАТА НАГРАДА „23 ОКТОМВРИ“ Јолевски за уметноста, Стојков и Лилчиќ Адамс за

23/10/2026

Државната награда „23 Октомври“ претставува мост меѓу македонското историско наследство и современите достигнувања во науката, културата и уметноста, истакна претседателот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy