Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нова доза шпекулации: Жирона и Осасуна сериозно го следат Барди
Спорт

Нова доза шпекулации: Жирона и Осасуна сериозно го следат Барди

18/07/2023

AA

После само два дена откако се појави информацијата во турски медиуми дека италијански торино ја пратил првата понуда во Трабзонспор за македонскиот репрезентативец Енис Барди, нова доза шпекулации се појавија сега од Шпанија, каде до лани фудбалерот за врска играше како член на Леванте.

Барди во Трабзон дојде за три милиони евра ланското лето и поради кратењето на буџетот Трабзон наводно сака да го продаде, но не по секоја цена, туку најмалку да ги извади вложените пари, иако Барди според последните најави сака да остане и веќе двапати истото му го кажал на тренерот Ненад Бјелица.

Откако Торино понудиле да го земат на заем со опција за откуп идното лето, сега наводно Жирона, која и претходно се споменуваше, како и Осасуна многу внимателно ја следеле ситуацијата со Барди и се заинтересирани за да го земат, но засега конкретна понуда до турскиот гигант нема.

Инаку други медиуми низ Турција, најавуваат дека не се исклучува ни арапска авантура за Барди во клуб во С. Арабија, Обединетите Арапски Емирати или Катар. Пред повеќе од две недели Трабзон одби веќе една понуда од С. Арабија како незадоволителна, откако неименуван клуб понудил 300.000 евра за едногодишен заем.

Барди пет години беше дел од Леванте и играше во Ла Лига откако во летото 2017 година дојде од Ујпешт за само 1,5 милиони евра.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy