
Нов удар за Русија: Она за што разговараа Зеленски и Фон дер Лајен, на Путин воопшто нема да му се допадне
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика Европската унија да одлучи да ги отвори пристапните преговори со Украина.
„Одамна дојде време да се отстрани оваа вештачка политичка несигурност во односите меѓу Украина и ЕУ. Дојде време да се донесе позитивна одлука за отворање на пристапните преговори“, рече Зеленски во Киев на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Good to be back in Kyiv.
Where the values we hold dear are defended everyday.
So it is such a fitting place to celebrate the day of Europe.
I welcome President @ZelenskyyUa‘s decision to make 9 May Europe Day also here in Ukraine. pic.twitter.com/MEGOEfgyIq
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) May 9, 2023
Зеленски ја повика ЕУ да ја забрза испораката на артилериска муниција во Украина.
Тој му се заблагодари на Фон дер Лејен, кој е во посета на Киев на Денот на Европа, за европската одлука да испорача „еден милион гранати“ во Украина, но тој инсистираше на распоредот за испорака.
„Разговаравме за клучното прашање – брзината на снабдување и испораката на оваа муниција. Веќе е потребно на бојното поле“, додаде Зеленски.
Во врска со извозот на украински житарки, Зеленски повтори дека ограничувањата на ЕУ се неприфатливи, „бидејќи ги зајакнуваат можностите на рускиот агресор“.
Украинскиот претседател во понеделникот со декрет објави дека 9 мај се слави како Ден на Европа, а не како ден на комеморација на победата над нацистичка Германија, која во Русија се слави според советската традиција.
„Ја поздравувам одлуката на претседателот Зеленски да го прогласи 9 мај за Ден на Европа. Украина е дел од нашето европско семејство“, изјави фон дер Лајен за новинарите.
Таа рече дека нејзиното присуство во Киев на 9 мај е симболично, но и знак дека „ЕУ работи рака под рака со Украина за многу прашања“.