
Нов напад на американската база, по ударот одекнала експлозија
Американската воена база во Харир во северен Ирак била нападната од вооружен дрон, јавува ирачкиот ТВ канал Рудав.
„Дронот падна и експлодира во базата Харир во Ербил“, се вели во соопштението на ТВ каналот.
Харир, како и другите американски бази во Ирак и Сирија, неодамна беше неколкупати нападнат, за што одговорноста ја презедоа вооружените шиитски групи кои дејствуваат во Ирак.
Претходно, ирачкиот премиер Мохамед Чиа ал Судани нареди да бидат пронајдени и казнети оние кои организираат напади врз американските воени бази. пренесува Ria.ru.
