Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николовски: Спречен организиран криминал, запленети 35 автомобили, поднесени кривични пријави за 24 лица
Македонија

Николовски: Спречен организиран криминал, запленети 35 автомобили, поднесени кривични пријави за 24 лица

03/01/2025

AA

Царинската управа преку Секторот за контрола и истраги откри и спречи организирана мрежа во која увозници, шпедитери, возачи вработени во превозни компании и царински службеници организирано вршеле кривични дела со употребувани возила, при што овие возила на нелегален начин биле ставани во промет и завршувале на авто-плацеви во Македонија без да се платат увозни давачки. Запленети се 35 автомобили со вкупна вредност од 20 милиони денари, при што врз Буџетот на државата преку избегнување плаќање увозни давачки е нанесена директна штета во висина од 9 милиони денари. Ова го истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, на прес-конференција на која информираше за случаите.

Директорот притоа вели дека постои сомневање дека избегнатите давачки и штетата нанесена на Буџетот на државата е многу поголема, затоа што е голема веројатноста во изминатите години овие дела да се случувале повеќекратно.

„Досега, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се поднесени кривични пријави за 24 лица, 19 физички и пет правни лица, за сторени кривични дела: царинска измама, прикривање стока од сторено кривично дело царинска измама, фалсификување и злоупотреба на службена должност и овластување. Со целосно завршување на предистражните и истражните дејствија, кривични пријави ќе следат за други лица, при што некои од нив ќе се теретат за повеќекратно извршување на исти или слични дела.  Во однос на царинските службеници кои извршиле злоупотреба на службена положба и овластување, во тек се дисциплински постапки, по што ќе следат соодветни казнени мерки“, потенцира Николовски.

Поконкретно, во овие случаи, како што информира директорот, Секторот за контрола и истраги при Царинската управа утврдил грубо кршење на законските прописи. Сторителите на кривичните дела, кои биле учесници во добро организирана и разработена шема,  изработувале фалсификувани придружни документи кои се потребни за завршување на царинската постапка и фиктивно гo раздолжувале транзитот без притоа да спроведат царинска постапка. Така, без да бидат платени царината и другите увозни давачки, возилата биле пуштани во слободен промет и истите завршувале на различни авто – плацеви во државата.

Николовски порачува дека нема да има простување, и оти се става крај на организираниот криминал и корупцијата. Откривањето на овие случаи, вели, е само почеток од она што следи, при што ќе продолжат со исто и засилено темпо кон откривање и спречување на сите вакви криминални појави и со зголемување на приходите во Буџетот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА Е ПРАВЕН, А НЕ ЗДРАВСТВЕН ПРОБЛЕМ Клековски во

20/10/2026
world

Скандал што ја потресе Саудиска Арабија: Егзекутирани двајца државјани на

20/10/2026
Македонија

РАКОВОДСТВОТО НА СДСМ СЀ ПОВЕЌЕ НАЛИКУВА НА СЕКТА „Разговори во

20/10/2026
Македонија

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЈАНИ МАКРАДУЛИ ЗА ШТЕТА ОД РЕЧИСИ 178.800

20/10/2026
Македонија

ВОЈНИЦИТЕ И ПО 45. ГОДИНА ЌЕ МОЖАТ ДА ОСТАНАТ ВО

20/10/2026
Македонија

НЕМА ВЕЌЕ РОКОВИ ЗА БАРАЊА ЗА ОТКУП НА ДВОРНО МЕСТО

20/10/2026
Македонија

УТВРДЕНИ ПРЕКРШОЦИ ПРИ ЛЕКУВАЊЕТО НА ПРЕБЕГАНАТА МИХАИЛОВА Клековски најави стручна

20/10/2026
Македонија

ДВЕ ЛОКАЦИИ КАЈ „8 СЕПТЕМВРИ“ ВО ИГРА ЗА НОВИОТ КЛИНИЧКИ

20/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46287
  • Регион 3997
  • Свет 15
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИВА МИХАИЛОВА Е ПРАВЕН, А НЕ ЗДРАВСТВЕН ПРОБЛЕМ Клековски во Софија наишол на разбирање кај

20/10/2026

Со министерката за здравство на Бугарија Катја Ивкова постигнавме премолчена согласност дека прашањето за Ива Михаилова не е здравствено прашање,

Скандал што ја потресе Саудиска Арабија: Егзекутирани двајца државјани на Бангладеш по случај во џамија!

20/10/2026

Саудиска Арабија на 14 октомври 2026 година егзекутираше двајца државјани на Бангладеш, Назрул Ислам Абдул Басир и Сити Ахтар, во

РАКОВОДСТВОТО НА СДСМ СЀ ПОВЕЌЕ НАЛИКУВА НА СЕКТА „Разговори во 12:05“ револтирани од изјавите на

20/10/2026

Раководството на СДСМ сѐ повеќе наликува на секта во која клучниот предуслов за припадност е геслото – „сите други се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy