Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николоски: Сојузник како Велика Британија, Македонија во минатото немала!
Македонија

Николоски: Сојузник како Велика Британија, Македонија во минатото немала!

17/05/2025

AA

Министерот за транспорт, Александар Николоски на вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител се осврна на постигнатиот договор со Велика Британија.  

„Апсолутно ова беше процес кој траеше повеќе месеци, би рекол и години, еве ќе кажам прв пат во јавност, ние уште кога бевме опозиција, иницијални контакти почнавме на оваа тема, така што воопшто работата не е случајна и воопшто работата не е нешто што се случило преку ноќ. Сметам дека вчерашниот ден ќе остане запаметен како историски и дека ќе се бележи во историјата на Македонија, како ден во кој што сме постигнале стратешко партнерство со втората светска сила. Затоа што Велика Британија е единствената кралска империја која што преживеа во светот, е нуклеарна суперсила, е земја членка во Советот за безбедност на ОН, земја победничка во Втората светска војна, земја со најголемо културолошко влијание во светот, затоа што англискиот јазик е стандард за секој човек кој што сака нешто плус да направи од себе, а културата, британската култура, англиската култура, е таа што доминира, дали е тоа во Велика Британија, дали е во Комонвелтот, дали е во Австралија, Канада, во САД, тоа е културата која што во моментов ја доминира не само западната цивилизација, туку и целиот свет“, рече Николоски. 

Николоски укажа дека во тие услови, „држава од некаде 1,8 милиони жители, без излез на море, каква што е Македонија, која што ние многу ја сакаме и за која што се бориме, да успее, да воопшто дојде на мапата на премиерот на Велика Британија и да двете влади се согласат за Договор за стратешко партнерство, мислам дека многу зборува, затоа што Договорот за стратешко партнерство значи дека нашите односи се на највисоко можно ниво, што ќе значи многу за Македонија и во делот на политика и во делот на економија“. 

Според Вицепремиерот Николоски освен економскиот многу важен е и политичкиот дел. 

„Сојузник како Велика Британија, Македонија за жал во минатото немала, а големите битки на светската сцена се добиваат со големи сојузници. Ние не можеме да се натпреваруваме и со соседите и пошироко, без големи сојузници. Ние не можеме да се бориме за човековите права на Македонците, без големи сојузници. Ние не можеме да очекуваме нашиот глас биде слушнат без големи сојузници, а мислам дека после стратешкиот договор кој што го имаме со САД, овој е втор од таков тип и многу кажува за позиционирањето на Македонија“, констатира Николоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

И Д-Р БАРБОВ КАЖА ДЕКА МИХАИЛОВА МОЖЕЛА ДА СЕ ЛЕКУВА

18/10/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ БАРА ИСТРАГА Д-р Барбов покажа дека работи за криминалното

18/10/2026
Македонија

НЕДЕЛАТА НОСИ СОНЦЕ, ОД ЧЕТВРТОК ДОЖД Температурите ќе достигнат 23

17/10/2026
Македонија

ГРАЃАНИТЕ НА БРВЕНИЦА ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ Народниот

17/10/2026
Македонија

ГРАЃАНИТЕ НА БРВЕНИЦА ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ** Народниот

17/10/2026
Македонија

ГЛАСАЊЕТО ВО БРВЕНИЦА СЕ ОДВИВА БЕЗ ПРОБЛЕМ Гласале 85 болни

17/10/2026
Македонија

СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ГИ ПОЛНИ ОРДИНАЦИИТЕ НА ПСИХИЈАТРИТЕ Расте бројот на

17/10/2026
Македонија

СОПРУГАТА ГО ПРИЈАВИЛА ЗА НАСИЛСТВО, МУ НАШЛЕ МУНИЦИЈА Во Групчин

17/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46228
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

И Д-Р БАРБОВ КАЖА ДЕКА МИХАИЛОВА МОЖЕЛА ДА СЕ ЛЕКУВА ВО МАКЕДОНИЈА Потребата за лекување

18/10/2026

  СДСМ како адвокат застана во одбрана на Ива Михаилова, која избега од судски процес поради извештај направен од другарот

ВМРО-ДПМНЕ БАРА ИСТРАГА Д-р Барбов покажа дека работи за криминалното дуо Заев-Филипче

18/10/2026

Дали има нешто во кое не се вмешани Зоран Заев и Венко Филипче, прашува ВМРО-ДПМНЕ. „За случајот со Ива Михаилова,

НЕДЕЛАТА НОСИ СОНЦЕ, ОД ЧЕТВРТОК ДОЖД Температурите ќе достигнат 23 степени

17/10/2026

Времето в недела, 18 октомври, ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy