И Д-Р БАРБОВ КАЖА ДЕКА МИХАИЛОВА МОЖЕЛА ДА СЕ ЛЕКУВА ВО МАКЕДОНИЈА Потребата за лекување во Бугарија е фингирана по налог на Филипче и Заев
СДСМ како адвокат застана во одбрана на Ива Михаилова, која избега од судски процес поради извештај направен од другарот на Венко Филипче и Зоран Заев, докторот Иван Барбов, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.
– Во извештајот на криминалниот доктор Барбов пишуваше дека таа морала да се лекува во Бугарија. Нашите сомнежи се јасни, а тоа е дека зад овој извештај стојат Филипче и Заев. Дури и Барбов јасно кажа дека Ива Михаилова немала големи медицински проблеми и дека лекувањето можело да се продолжи и во Македонија – рече Манасиевски.
Со овој став на Барбов, нашите сомнежи дека извештајот е фингиран уште повеќе се потврдуваа, додаде тој.
– Тоа се потврдува исто така, и со тоа што СДСМ и Филипче се ставија на тацна на Бугарија и на Михаилова, во првиот случај како амбасадори, а во вториот како адвокати. Затоа, очекуваме да се истражи случајот од надлежните органи и да добиеме правда – рече Манасиевски.
.
Извор: plusinfo.mk