Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николоски по средбите во Дубаи и Шарџа: Очекуваме сериозни инвестиции во туризмот, инфраструктурата, земјоделието и недвижностите
Македонија

Николоски по средбите во Дубаи и Шарџа: Очекуваме сериозни инвестиции во туризмот, инфраструктурата, земјоделието и недвижностите

16/04/2025

AA

Очекувам дека во брзо време ќе видиме инвестиции од Обединатите Арапски Емирати во Македонија. Потпишавме неколку договори за економска соработка што се услов за идната соработка. Посебно е важно тоа што Дубаи станува центар за извозот кон Истокот, што е одлична можност за домашно извозните компании да ја користат помошта и логистиката што ја нуди Владата на ОАЕ, истакна вицепремиерот Александар Николоски, кој е дел од владината делегација која е во работна посета на Обединетите Арапски Емирати.

„Министрите за надворешни работи потпишаа договор за економска соработка, исто така има договор и во образованието и културата, како и договор за заштита на инвеститорите и одбегнување на двојното оданочување. Овие договори се предуслов за да можеме да одиме кон следната фаза, а тоа се конкретни инвестиции и конкретни проекти кои што ќе ги видиме во Македонија. Она што е исто така значајно, што е можеби комплетна новина за македонскиот бизнис и стопанство, а тоа е дека ОАЕ особено Дубаи, стануваат центар за трговијата кон Истокот, особено во овие комплицирани и турбулентни времиња во светот, имајќи ги во предвид геополитичките игри. Постои огромна можност за македонските компании кои што извезуваат да го користат Дубаи и Владата на ОАЕ како помош и сервис при нивниот извоз, како би се отвориле бројни нови пазари, кои што во моментов не се достапни за македонските компании”- изјави Николоски.

По средбите со стопанските комори во Шарџа и Дубаи, тој потенцираше дека има голема заинтересираност за соработка во делот на туризмот, инфраструктурата и земјоделскиот сектор.

„Морам да кажам дека фокус број еден е туризмот, кој сериозно расте и потенцијалите кои ги нуди Македонија навистина се нешто што е препознаено. Секако тука е и инфраструктурата, коридорите 10 и 8, како и коридорот 10Д, како потенцијални места за инвестирање, тука секако е и земјоделието, тука се и недвижностите. Така што ова се области каде што има огромна заинтересираност од страна на Обединетите Арапски Емирати да инвестираат во Македонија, очекувам во периодот кој што е пред нас ќе одиме кон втората фаза, а тоа е конкретизирање на проекти и за брзо време ќе можеме да видиме делегација на ОАЕ во Македонијa, како и инвестиции тука”- изјави Николоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
Македонија

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026
Македонија

Момче од Македонија паднало од тобоган во Бодрум, со скршеница

07/08/2026
Македонија

17 лица почнаа да работат во логистичкиот центар на Лидл

07/08/2026
Македонија

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на

07/08/2026
Македонија

Зголемена казната на 20 години затвор за Илија Панов за

07/08/2026
Македонија

Народниот правобранител отвори предмет за водата во Гостивар оти добиените

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична состојба

07/08/2026

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, соопшти Министерството

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца минувачи

07/08/2026

Денеска, кај Камениот мост во центарот на Скопје, двајца случајни минувачи со навремена и храбра реакција извлекле жена од реката

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска на улицата „Радишанска“ во скопската населба Радишани, животот го загубил 19-годишен мотоциклист,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy