Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УСТАВНИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ – ЛЕКАРИТЕ МОЖАТ ДА РАБОТАТ ДОПОЛНИТЕЛНА РАБОТА Министерот Клековски ја поздрави одлуката
Македонија

УСТАВНИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ – ЛЕКАРИТЕ МОЖАТ ДА РАБОТАТ ДОПОЛНИТЕЛНА РАБОТА Министерот Клековски ја поздрави одлуката

24/09/2026

AA

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за забрана на дополнителната дејност на лекарите, со издвоено мислење на одредени судии дека сепак е потребна поголема контрола од страна на Министерството за здравство. Потребно е да се контролира, според некои од судиите, дали лекарот, кога го препраќа пациентот што чека во термин практично на приватно по работното време, и веројатно треба да се размислува за некоја законска промена.

Министерот за здравство Сашо Клековски на денешната прес-конференција ја поздрави одлуката на Уставниот суд и смета дека кон дополнителната работа на лекарите треба да се пристапи принципиелно.

Министерот се осврна на претставката, со која се барала забрана за дополнителна дејност во јавната здравствена установа во која работи лекарот или во друга јавна здравствена установа, а не се барала забрана за работа на лекарот во приватни здравствени установи.

-​ Мислам дека кон дополнителната работа треба да пристапиме принципиелно. Особено морам да нагласам – работата во други јавни здравствени установи сега е модел на кој го одржуваме функционирањето на неколку болници. Значи, анестезиолози од Скопје работат дополнително во Куманово, во Кавадарци, гинеколози од Скопје работат во Кавадарци, така што, од моја страна, мислам дека оваа одлука е за поздравување. Она што секако го примивме како задача е дека во моментот законските одредби што се предвидени не се почитуваат, а во многу сегменти се нејасни во однос на спроведувањето. Ниту е јасно во кои дејности може да се одвива ниту кои се потребните услови, и повеќе работи. И ќе работиме со следната измена на Законот за здравствената заштита да имаме едно сеопфатно, транспарентно решение. ​Велам со следната измена на Законот за здравствената заштита бидејќи во оваа измена, која треба да биде многу бргу, работиме на измени во концептот на вработување со цел понатаму да се зајакне мерит-системот на вработување и да се елиминираат можностите за фаворизам од кои било причини – рече министерот.

Клековски нагласи дека тие тоа ќе го направат доста транспарентно, со спроведена компаративна студија.

– Можам да кажам дека слична одлука донесе и Уставниот суд на Словенија. Таму со закон беше забранета дополнителната дејност од претходната влада, а Уставниот суд смета дека таа забрана така како што е формулирана не може да опстане, треба да биде јасно што точно е забрането. Ќе ги споредиме тие искуства и да видиме кој е најдобриот начин. ​Значи, покрај тоа што во моментот некои од нашите општи болници функционираат со позајмени доктори – условно да кажам – од клиниките од Скопје, сметам дека дополнителната работа мора да остане како мотив за најдобрите доктори да останат во јавното здравство бидејќи ние мораме да најдеме начин да ги задржиме најдобрите во јавното здравство – истакна Клековски.

Тој потенцира дека тоа не значи нетранспарентност на листите на чекање.

-​ Тоа не значи нетранспарентност на листите на чекање, не значи – нема термин за тебе наредните три месеци во редовна листа, ама утре ќе добиеш термин на дополнителна листа – не значи целата наплата да оди на сметка на тимот без соодветно надоместување на реалните трошоци направени во болницата, така што имаме доста за подобрување во тој дел. ​Морам да кажам дека со измени на законот од група пратеници во 2023 година одлуката за дополнителна дејност е на ниво на управен одбор на јавната здравствена установа и дека е укината обврската да се известува Министерството за здравство во кои дејности и кои доктори вршат дополнителна работа, што е исто така еден сегмент што е неприфатлив – бидејќи мора да е транспарентно кој доктор каде работи дополнително, од повеќе причини – додаде министерот.

Тој беше прашан и дали има засилена контрола на боледувањата кај матичните лекари, особено кај полицијата.

– Сега контролите на боледувањата се во Фондот за здравствено осигурување. Ова е прашање за Фондот за здравствено осигурување, можам јас да кажам дека додека бев директор на Фондот за здравствено осигурување, најголем дел од проверките беше во јавниот сектор – и тоа во полиција, одбрана и царина. Делумно затоа што кај некои од овие сектори колективните договори предвидуваат 100 проценти надомест за време на боледување, а повеќето од приватните сектори се со 70 отсто надомест на плата – и ваквиот начин на надомест поттикнува – условно да кажам – боледување бидејќи не губите ништо од платата ако сте болен. Јас како директор на Фондот за здравство објавив еден извештај за контролите во МВР со значителен степен на проблеми во издавањето на боледувањата и во основа реформите за системот на боледување беа поттикнати токму од наодите на овие контроли. На 20 јули оваа година имаше една работилница, каде што заедно со сите чинители, вклучувајќи ги синдикатите, ние ја отворивме оваа расправа, ги гледавме моделите на Словенија и на Србија како регионални примери – и тој процес ќе оди кон зголемување на контролите. Целта не е да се казнат оние што навистина имаат потреба од боледување, туку да се спречат злоупотребите на боледувањето – потенцира министерот за здравство.

На прашање дали со скратување два дена ќе се спречат злоупотреби, Клековски одговори дека не е предвидена само оваа промена.

– Не е само оваа промена. Ако во медиумите тоа беше елементот што се опфати, тој е само еден. Треба да знаете дека пет дена е боледување без никаков доказ – значи само врз основа на телефонски разговор. Да, затоа што се скратува времето по кое треба да се докаже. Ќе треба да се направи лабораторија, ќе треба да се направи друг преглед – значи скратувањето повлекува други граници, каде што почнува да важи медицина заснована на доказ – дециден беше министерот за здравство Сашо Клековски.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ ГИ ТРГА ПАРКИРАНИТЕ ВОЗИЛА ОД ТУРИСТИЧКА Засилени мерки

23/11/2026
Македонија

САЈБЕР-НАПАД ВРЗ УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Дигиталните сервиси се обновуваат, од

23/11/2026
Македонија

ВЕЛЕШАНЕЦ, КОЈ ЧУВАЛ 10 КУЧИЊА, ПОЧИНАЛ, КУЧИЊАТА ГЛАДУВАЛЕ ЗАТВОРЕНИ Успешно

23/11/2026
Македонија

СУБВЕНЦИИ ЗА ВОЗАЧКИ ИСПИТ ЗА МЛАДИ БИТОЛЧАНИ Еднократна финансиска поддршка

23/11/2026
Македонија

СМРТТА КАЈ СМИЛКОВЦИ СЕ ИСТРАЖУВА КАКО УБИСТВО Тошковски потврди дека

23/11/2026
Македонија

ДА ИЗГРАДИМЕ ЗЕМЈА ВО КОЕ СЕКОЕ ДЕТЕ ЌЕ ЖИВЕЕ БЕЗ

23/11/2026
Македонија

ПОЛИЦАЕЦ ЗАТЕКНАТ КАКО ДИЛА ДРОГА ВО ЗАТВОР Му нашле кокаин,

23/11/2026
Македонија

СРБИН ЛЕТАЛ СО 158 КМ НА ЧАС Приведен е на

23/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46895
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ ГИ ТРГА ПАРКИРАНИТЕ ВОЗИЛА ОД ТУРИСТИЧКА Засилени мерки пред средбата на лидерите во

23/11/2026

Возачите во Охрид од денеска ќе мора да внимаваат каде ги запираат и паркираат возилата. Полицијата воведува засилени контроли на

САЈБЕР-НАПАД ВРЗ УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Дигиталните сервиси се обновуваат, од УГД тврдат дека податоците се

23/11/2026

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип во текот на изминатата недела бил цел на сајбер-напад насочен кон неговата дигитална инфраструктура,

ВЕЛЕШАНЕЦ, КОЈ ЧУВАЛ 10 КУЧИЊА, ПОЧИНАЛ, КУЧИЊАТА ГЛАДУВАЛЕ ЗАТВОРЕНИ Успешно се заловени и згрижени во

23/11/2026

Десет кучиња биле спасени и згрижени откако нивниот сопственик ненадејно починал, а животните неколку дена останале сами во домот без

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy