Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 69 МИЛИОНИ ЦИГАРИ ШВЕРЦУВАНИ ПРЕД НОСОТ НА ИНСТИТУЦИИТЕ / Приведени 13 лица, меѓу нив цариници и полицајци
Македонија

69 МИЛИОНИ ЦИГАРИ ШВЕРЦУВАНИ ПРЕД НОСОТ НА ИНСТИТУЦИИТЕ / Приведени 13 лица, меѓу нив цариници и полицајци

24/09/2026

AA

Шлепери полни со цигари влегувале преку Богородица, а наместо да го продолжат транзитот, товарите биле истоварувани во Македонија. Во дел од случаите, камионите ја напуштале земјата преку Табановце празни, додека во царинскиот систем биле заведувани како да излегле полни. Во други случаи, влезот на шлеперите воопшто не бил евидентиран.

Царинската управа ја спроведе операцијата „Филтер“, во рамки на која, според истрагата, е откриен комплексен систем за шверц на големи количини цигари и избегнување на плаќање давачки кон државата во вредност од над 377 милиони денари, односно повеќе од 6 милиони евра.

Истрагата опфати седум случаи реализирани во периодот од 1 јануари до 30 јуни 2024 година. Според Царината, во нив биле користени различни начини за незаконско внесување, истовар и пуштање во промет на цигари без соодветна царинска евиденција и без плаќање на законски утврдените давачки.

Во системот, според досегашните сознанија, биле опфатени шпедиции, транспортни и увозни компании, физички лица, но и службени лица од полицијата и Царинската управа.

Шлеперите влегувале полни, излегувале празни

Во три од седумте откриени случаи, шлепери натоварени со цигари влегувале во земјава преку ГП Богородица во транзитна постапка.

Наместо товарот да продолжи според царинските правила, цигарите, според истрагата, биле незаконски истоварувани на територијата на Македонија. Потоа шлеперите ја напуштале земјата преку ГП Табановце – празни.

И покрај тоа што цигарите фактички останувале во државата, транзитните постапки во царинскиот систем биле раздолжувани како камионите да ја напуштиле земјата со целиот товар.

Во уште четири случаи, шлепери полни со цигари влегувале преку Богородица, но нивното влегување, според Царината, воопшто не било евидентирано ниту од царинските ниту од полициските службеници.

Цигарите потоа биле истоварувани во Македонија без соодветна документација и без да бидат ставени во соодветна царинска постапка, а за нив не биле платени законските давачки.

Вкупната количина опфатена во седумте случаи изнесува 69.350.000 парчиња цигари, за кои Царинската управа утврдила дека биле незаконски пуштени во слободен промет.

Пријавени 21 лице, меѓу нив полицајци и цариници

Врз основа на собраните сознанија и докази, Царинската управа на 23 септември 2026 година, во координација со надлежниот јавен обвинител од ОЈО ГОКК, поднела кривични пријави против три правни и 18 физички лица.

Меѓу пријавените се тројца полициски и четворица царински службеници.

Кривичните пријави опфаќаат сомневања за кривични дела поврзани со криумчарење, царинска измама, несовесно работење во службата, злоупотреба на службената положба и овластувања, компјутерска измама и избегнување плаќање акциза.

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, вели дека истрагата покажала оти сомнителното незаконско постапување не било ограничено само на економските оператори.

„Истрагата јасно покажува дека незаконското постапување не се однесува само на учесници од страна на економските оператори, туку опфаќа и вклученост на службени лица кои согласно своите законски овластувања и работни обврски, се обврзани да го спречат токму ваквото незаконско постапување“, истакна Николовски.

Претреси на 23 локации, приведени 13 лица

По поднесувањето на кривичните пријави до ОЈО ГОКК, биле издадени наредби за претрес на 23 локации.

Претресите биле извршени во утринските часови на 24 септември, во координација со надлежниот јавен обвинител и со асистенција на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР – БЈБ.

Досега се приведени 13 лица – четворица царински службеници, двајца полициски службеници, двајца возачи и пет други физички лица.

Од Царинската управа велат дека истрагата не е завршена.

Во тек се дополнителни истражни дејствија, а според досегашните сознанија се очекува да се зголеми и бројот на опфатени лица и поднесени кривични пријави.

Царината: Приоритет се службениците кои соработуваат со криминални структури

Од институцијата велат дека продолжуваат со интензивни контроли и истраги насочени кон откривање на организиран криминал, шверц и обиди за избегнување на плаќање давачки кон државата.

Како посебен приоритет го издвојуваат откривањето случаи во кои постојат сомневања за злоупотреба на службената должност или соработка на службени лица со организирани криминални структури.

„Со ова пренесуваме порака дека за Царинската управа нема и нема да има недопирливи. Секој за кој ќе се утврди дека ги прекршил законите или ги злоупотребил службените овластувања ќе биде предмет на соодветна постапка пред надлежните институции, без оглед дали станува збор за економски оператор, физичко лице, а особено службено лице“, порача Николовски.

Тој посочи и дека во истрагата била добиена помош од царинските управи на Грција и Србија, на иницијатива на македонската Царинска управа.

Николовски оцени дека операцијата „Филтер“ покажува дека институциите можат да соработуваат во откривањето и сузбивањето на организираниот криминал.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УСТАВНИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ – ЛЕКАРИТЕ МОЖАТ ДА РАБОТАТ ДОПОЛНИТЕЛНА РАБОТА

24/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ИМ ПОРАЧА НА СОПАРТИЈЦИТЕ ОД ИНИЦИЈАТИВАТА 12.05 ДА СЕ

24/09/2026
Македонија

69 МИЛИОНИ ЦИГАРИ ШВЕРЦУВАНИ ПРЕД НОСОТ НА ИНСТИТУЦИИТЕ / Приведени

24/09/2026
Македонија

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА Поквалитетно снабдување за жителите

24/09/2026
Македонија

УСЛОВНА КАЗНА ЗА ЉУПЧО ПЕЦОВ ЃАВОЛОТ ЗА „СИНЏИР“ Доби и

24/09/2026
Македонија

УСЛОВНА КАЗНА ЗА ЉУПЧО ПЕЦОВ ЃАВОЛОТ ВО „СИНЏИР“ Доби и

24/09/2026
Македонија

КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР ЌЕ СЕ ПОДНОВИ СО КЛИНИКА ЗА ИНТЕНЗИВНА НЕГА

24/09/2026
Македонија

НЕМА ЛЕКАРСКА ГРЕШКА ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА РОДИЛКАТА ОД СТРУМИЦА Имала

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45776
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УСТАВНИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ – ЛЕКАРИТЕ МОЖАТ ДА РАБОТАТ ДОПОЛНИТЕЛНА РАБОТА Министерот Клековски ја поздрави одлуката

24/09/2026

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за забрана на дополнителната дејност на лекарите, со издвоено мислење на одредени судии дека сепак

ФИЛИПЧЕ ИМ ПОРАЧА НА СОПАРТИЈЦИТЕ ОД ИНИЦИЈАТИВАТА 12.05 ДА СЕ ВРАЗУМАТ Не е добро да

24/09/2026

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче ги обвини поранешните функционери на партијата кои се иницијатори на демократската платформа 12.05 дека нивните

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА Поквалитетно снабдување за жителите на неколку улици

24/09/2026

Во тек е реконструкцијата на водоводната мрежа на улица 150, со што се реализира последната фаза од комплексот на улици

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy