Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николоски: Инвестираме 21 милион евра за набавка на нови пет електрични локомотиви
Македонија

Николоски: Инвестираме 21 милион евра за набавка на нови пет електрични локомотиви

30/12/2025

AA

Инвестираме 21 милион евра за набавка на пет нови електрични локомотиви кои ќе бидат од суштинско значење за зголемување на карго-транспортот, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска заедно со министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и директотот на МЖ Транспорт, Дејан Кошутиќ го потпишаа Договорот за заем од ЕБРД за набавка на нови електрични локомотиви. 

Со новата флота од пет локомотиви и постојните четири кои се понови, ќе располагаме со девет модерни локомотиви кои ќе можат целосно да го покријат карго-превозот, а дел од нив да се користат и во патничкиот сообраќај, изјави Николоски.

Во продолжение интегралното обраќање на вицепремиерот Николоски.

“Навистина ми е драго што денес имаме можност да го заокружиме еден исклучително важен процес кој ќе значи набавка на најмалку пет нови електрични локомотиви, заедно со пропратни резервни делови. Ова е навистина голем чекор напред за Железници за транспорт и во делот на карго-превозот и во патничкиот сообраќај.

Сите се сеќаваме дека минатата година, во моментот на формирање на Владата, состојбата беше исклучително тешка. Имавме нула оперативни локомотиви, практично железничкиот транспорт беше парализиран, а бројни композиции стоеја на македонските пруги бидејќи немаше со што да се оперира.

Со интензивна работа и со поддршка од претседателот на Владата, успеавме во текот на минатата година да ставиме во функција пет локомотиви, а денес веќе имаме над 11 функционални локомотиви. Со тоа целосно се менува сликата за железничкиот транспорт во државата.

Во таа насока, набавката на овие пет нови електрични локомотиви ќе има суштинско значење за зголемување на карго транспортот. Од постојните 11 локомотиви, четири се понови, а седум се постари. Со новата флота од пет локомотиви и постојните четири понови, ќе располагаме со девет модерни локомотиви кои ќе можат целосно да го покријат карго превозот, а дел од нив да се користат и во патничкиот сообраќај.

Ова е особено важно за Коридорот 10, кој треба да бележи раст во наредните години, како и за Коридорот 8, кој во моментов интензивно го развиваме преку значајни инвестиции во железничката инфраструктура.

Истовремено, оваа инвестиција е дел и од пошироката визија за Скопје, подобрување на квалитетот на воздухот преку воведување на градскиот воз. Во моментов се работи на една од трите линии во делот на инфраструктурата, а во следните две години ќе се работи и на преостанатите две. Кога целиот проект ќе биде завршен, по тие линии ќе сообраќаат исклучиво електрични возови, со јасна цел,  целосно да се елиминира употребата на дизел локомотиви и дизел возови во главниот град и да се придонесе за подобар квалитет на воздухот.

Сега влегуваме во потешкиот, но клучен дел, успешно спроведување на набавката. Се надевам дека до март, во соработка со ЕБРД, ќе успееме да го објавиме повикот и потоа успешно да ја реализираме испораката на новите локомотиви” , се обрати Николоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„TASK FORCE“ ЧЕШЛА И НА ИСТОК Петмина паднаа со марихуана

21/09/2026
Македонија

СЕ ИСКАЧУВАА 15 ЧАСА ЗА ДА ГО РАЗВЕАТ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ

21/09/2026
Македонија

ТРАГЕДИЈА КАЈ СТРУМИЦА Пешак загина откако бил удрен од „ренџ

21/09/2026
Македонија

ПАЦИЕНТИТЕ НЕМА ОД ШАЛТЕР ДО ШАЛТЕР ДА ГИ НОСАТ ИСТОРИИТЕ

21/09/2026
Македонија

ЛАЖНИ РЕШЕНИЈА ЗА ЗЕМЈИШТЕ СТИГНУВАЛЕ ДО КАТАСТАР Стружанец три години

21/09/2026
Македонија

ПАЦИЕНТ СИ КРЕИРАЛ КОНЗИЛИЈАРНО МИСЛЕЊЕ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ДА

21/09/2026
Македонија

НАЈДЕНОТО ТЕЛО НА ШАР ПЛАНИНА Е НА 74-ГОДИШНИК Починал од

21/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ САКА МИНИМАЛЕЦ ОД 600 ЕВРА, АМА Е ПРОТИВ ДАТА

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45707
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„TASK FORCE“ ЧЕШЛА И НА ИСТОК Петмина паднаа со марихуана на патот Струмица–Берово

21/09/2026

Полицискиот мобилен тим „Task Force“ на БЈБ пронајде марихуана во џип „дачија дастер“ при контрола на паотт Струмица–Берово во источниот

СЕ ИСКАЧУВАА 15 ЧАСА ЗА ДА ГО РАЗВЕАТ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ НА 4.346 МЕТРИ Студенти го

21/09/2026

Македонското знаме се развеа на 4.346 метри надморска височина во Колорадо. Двајцата македонски студенти Дарко Најдов и Бојан Блажевски на

ТРАГЕДИЈА КАЈ СТРУМИЦА Пешак загина откако бил удрен од „ренџ ровер“

21/09/2026

47-годишен жител на струмичкото село Секирник загинал откако бил удрен од автомобил „ренџ ровер“ на влезот во селото. Несреќата се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy