Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николоски: Ќе го ревидираме автопатот Требеништа – Ќафасан
Економија

Николоски: Ќе го ревидираме автопатот Требеништа – Ќафасан

19/02/2025

AA

Александар Николоски, министерот за транспорт,денеска како одговор на новинарско прашање рече дека ќесе ревидира изградбата на трасата од автопатот Требеништа – Ќафасан, четвртата делница од проектот со конзорциумот „Бехтел и Енка“.

Министерот рече дека со актуелниот проект се загрозува автентичноста на Охридското езеро, а со друго решение може и да се заштеди на трошоци ако се скрати патот до Струга преку новиот автопат Кичево – Охрид.

– Треба да донесеме стратешка одлука во однос на развивањето на тој проект.За тоа постојат неколку причини.Првата е тоа што јас ветив дека до крајот на следната година ќе имаме целосно функционален автопат Кичево – Охрид и тука се поставува прашањето како најдобро да се поврзе Струга, затоа што од Подмоље има само седум километри до градот. 

Второто прашање е заштитата на Охридското езеро и целиот регион. Ние имаме стриктни забрани од УНЕСКО да развиваме автопат и железница во заштитениот дел. Во март во Париз ќе ги отвориме овие прашања и секако нема да одиме спротивно на препораките на УНЕСКО,рече Николоски.

Како решение, министерот гледа неколку опции – поместување на трасата посеверно, целосно нова траса, вклопување во постојаната траса или отсечка од Подмоље до Струга како сврзница на постојниот автопат Охрид – Кичево.

– Не би сакал да се врзувам со рокови,туку на заштита на се ова што го имаме.Треба да се направи баланс помеѓу заштитатат и развојот на инфраструктурата, изјави Николоски и додаде дека сликата ќе биде појасна кога ќе се догради автопатот Кичево – Охрид до крајот на 2026-та.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче ги посети оризопроизводителите од кочанско, им вети ќе предложи

31/08/2026
Македонија

Возен ред за градскиот воз од Зелениково до Скопје

31/08/2026
Македонија

Данела Арсовска избрана во работната група на G20 B20 за

31/08/2026
Македонија

7 активни пожари низ Македонија

31/08/2026
Македонија

Нови сведоштва на судењето за серијата убиства во Старо Нагоричане

31/08/2026
Македонија

26 подрачни училишта привремено затворени поради недостиг на ученици

31/08/2026
Македонија

Небанкарскиот финансиски сектор порасна за 22,1 отсто за една година

31/08/2026
Македонија

Од утре стартува „Градски воз“: Зелениково и Скопје добиваат нова

31/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45355
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче ги посети оризопроизводителите од кочанско, им вети ќе предложи законски решенија за помош

31/08/2026

СДСМ ќе предложи конкретни мерки за проблемите со кои земјоделците се соочуваат, како што најавивме за лозарите, но и за

Возен ред за градскиот воз од Зелениково до Скопје

31/08/2026

Од 1 септември 2026 година повторно ќе биде достапна железничката врска меѓу Зелениково и Скопје, со градски воз кој ќе

Данела Арсовска избрана во работната група на G20 B20 за економски раст

31/08/2026

Екс градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, објави дека е избрана за член на G20 United States B20 2026 Economic Growth

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy