Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НИКОГАШ НЕ СУМ РАЗГОВАРАЛ СО СТРАНСКИ ДИПЛОМАТ ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ Тошковски вели дека стопати повторената лага на СДСМ не може да стане вистина
Македонија

НИКОГАШ НЕ СУМ РАЗГОВАРАЛ СО СТРАНСКИ ДИПЛОМАТ ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ Тошковски вели дека стопати повторената лага на СДСМ не може да стане вистина

18/12/2025

AA

„Најодговорно тврдам дека во рамки на мојот мандат со ниту еден странски дипломат не сум разговарал на тема за какво било прифаќање мигранти од страна на која било држава, никогаш ниту ми било поставено како прашање, ниту како барање, ниту сум го имал како разговор со кој било од нив“.

Вака за Канал 5 изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски коментирајќи ги наводите на СДСМ за мигрантски кампови. Министерот вели дека стопати повторена лага не станува вистина.

– Опозицијата се повикува на британските медиуми, може да се повикува на кого сака, но сите релевантни чинители во државава (премиерот, министерот за надворешни работи, претседателката, јас кога бев во Брисел) негиравме дека тоа што го тврдат е невистина и лага.

Министерот посочи и дека секоја година се намалува бројот на мигранти што поминуваат низ државава, за пет, седум, осум проценти, како и дека годинава од страна на Министерството за внатрешни работи не е одобрено ниту едно барање за азил.

– Кога говориме за тема мигранти, тие транзитираат низ Македонија 10-15 години, а сега имаме и ново утврдување на кризна состојба во делот на мигранти поради она што го имаме веќе како фактичка состојба во државата. На граѓаните мора да им објасниме дека Македонија е клучен фактор во делот на овие процеси поврзани со илегална миграција од едноставна причина затоа што е на патот на нелегална миграција. Ние сме транзит земја и заради тоа сме многу клучни – рече Тошковски.

Во коментар на тврдењата за можноста за враќање на мигрантите во трети земји не само во земјата на потекло и споменувањето на Западен Балкан во тој контекст и договорот меѓу Италија и Албанија, рече дека „македонската опозиција почна да не прави разлика помеѓу Македонија и Албанија“.

– Ова е Македонија , не Албанија – рече министерот Тошковски.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според

02/08/2026
Македонија

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото

02/08/2026
Македонија

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили

02/08/2026
Македонија

Ангелов: Под контрола дваесетина пожари ширум земјава, водата во Гостивар

02/08/2026
Македонија

Вкупно 21 пожар низ Македонија, се уште активни во Крива

02/08/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид: Четири лица повредени, од кои

02/08/2026
Македонија

Дете од Берово испило капсула за перење алишта

02/08/2026
Македонија

Семеен инцидент во Охрид: Физички ја нападнал сопругата откако таа

02/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44816
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според Рихтер

02/08/2026

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека вечерва е регистриран слаб земјотрес во скопското епицентрално подрачје. ​Според официјалните

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото повеќепартиско Собрание и долгогодишен претседател

02/08/2026

Во 103. година од животот почина д-р Никола Стојановски, потврди неговото семејство. Тој беше првиот претседавач на повеќепартиското Собрание на

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили на граница со Грција

02/08/2026

МВР информира дека вчера наутро во 08:05 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на автопатот А1, во близина

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy