
Невремето „Нелсон“ ја зафати Шпанија, бранови високи до 8 метри, има загинати
Четири лица загинаа кога бурата Нелсон донесе силни дождови низ Шпанија, соопштија официјални лица.
Тие се удавија во морето додека невремето предизвика хаос низ земјата.
Мажот (32) кој се обидел да спаси шеснаесетгодишно момче кое паднало во морето во североисточниот регион Тарагона бил зафатен од огромни бранови и двајцата починале.
Во северниот дел на Астурија, британски турист и жена паднале во морето и се удавиле во бранови високи до 8 метри.
Големи делови од земјата, вклучително и регионите на Андалузија и Каталонија, беа зафатени од невремето, кое донесе силен ветер со брзина од 90 километри на час во некои региони.