
НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра
За само две
недели работа на Октоберфест во Минхен, келнерите и келнерките заработуваат
меѓу 5.500 и 10.000 евра нето, а понекогаш и значително повеќе. Од друга
страна, за тие две недели шаторите остваруваат промет до осум-девет милиони
евра.
Како што пишуваат
германските медиуми, за да можат воопшто да работат на Октоберфест, келнерите и
келнерките мора да им платат на домаќините 1.500 евра однапред за храна и
пијалоци, како и за чистење на садовите што ги користат или евентуално ги
кршат. За сместување треба да одвојат до 2.500 евра.
Најскапото
сместување е 2.500 евра, а станува збор само за соба со неколку душеци, каде се
сместени и останатите келнери. Инаку, келнерките и келнерите на Октоберфест не
добиваат фиксен час, туку добиваат дел од продажбата.
Според
информациите на порталот ТЗ, домаќините на големите шатори на Октоберфест за
две недели остваруваат до осум и девет милиони евра промет. Од тоа им останале
околу милион евра добивка. И помалите шатори имаат продажба од милион до два
милиони евра.
Минатата година
Октоберфест на градот Минхен му донесе околу 1,49 милијарди евра, пишува
Феникс.
фото: EPA/Karl-Josef Hildenbrand
