
Нетанјаху: Ништо нема да не спречи, ниту смртта на војник, ниту меѓународен притисок
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека „ништо нема да ја спречи“ неговата земја да „победи“ во војната против милитантното палестинско движење Хамас. За време на посетата на воената база во јужен Израел, Нетанјаху рече дека ниту смртта на војниците ниту „меѓународниот притисок“ за прекин на огнот нема да ја запрат еврејската држава.
„Ќе продолжиме до крај. Нема сомнеж за тоа. Ова го велам и свесен за големите страдања предизвикани од воените загуби, но имајќи го предвид и меѓународниот притисок“, рече Нетанјаху и додаде: „Ништо нема да не спречи. Ќе одиме до крај, до победа, ништо помалку“.
Вчера огромното мнозинство од светските земји гласаа во Генералното собрание на Обединетите нации за резолуција со која се бара прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас.
Само неколку часа пред гласањето во ОН, американскиот претседател Џо Бајден предупреди дека Израел ја губи меѓународната поддршка поради неговото „недискриминирачко бомбардирање“ на Газа, мала, но многу населена област под политичкото раководство на Хамас.
