
Нестабилно време со пороен дожд, ветер и грмежи и во Скопје, Прилеп, Галичица и Преспанскиот регион
Од север кон Прилеп се спушта нестабилна облачна маса со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можна појава на град. Нестабилно е и во околината на Скопје, во западните и југоисточните делови од котлината, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Се уште е нестабилно на Галичица и Преспанскиот регион каде има интензивен пороен дожд.