
Несреќа во Радишани, возило удрило во 15-годишен мотоциклист!
Тешка несреќа вечерва се случила во населбата Радишани, во близина на бензинска пумпа. Според првичните информации, 15-годишно дете управувало мотор кога во него удрил автомобил.
Од ударот малолетникот паднал на земја и останал да лежи, а моторот бил целосно искршен.
Очевидци велат дека момчето имало сериозни повреди и веднаш било пренесено со Брза помош во болница.
Засега нема официјални информации за состојбата на повреденото момче.
ФОТО: 4NEWS.MK