Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „МајВорлд“ во стечај – членови на „Лајконет“ во неизвесност, се најавуваат тужби!
Македонија

„МајВорлд“ во стечај – членови на „Лајконет“ во неизвесност, се најавуваат тужби!

20/08/2025

AA

Австриската компанија „МајВорлд Интернешeнeл“, сопственик на кешбек платформата „МајВорлд“ и наследник на контроверзната „Лајонес“, е во стечајна постапка и се соочува со сериозни финансиски проблеми. Со тоа во неизвесност е доведено и работењето на македонската „Лајконет“, каде членуваат илјадници граѓани.

Зоран Витанов, помал акционер во „МајВорлд“ и дел од „Лајконет Австрија“, потврди дека компанијата е во активен стечај, но нагласи дека и понатаму пристигнуваат приливи од кешбек системот. „Лајконет е маркетинг агенција чиј единствен клиент е ‘МајВорлд’ и има ексклузивно право да рекламира над 400.000 фирми во светот. Сакам да нагласам дека кешбекот за членовите сè уште функционира. Дали тоа ќе биде доволно за ликвидност, не знам“, изјави Витанов.

Сепак, неизвесноста расте меѓу македонските членови на „Лајконет“. Дел од нив, според информации на Телма, најавуваат дека ќе бараат правна заштита за вложените средства.

Финансиските извештаи покажуваат дека „МајВорлд Македонија“ во последните три години остварила добивка од 266.000 евра. Сопственик на „МајВорлд“ и „Лајконет Австрија“ е бизнисменот Хуберт Фрајдл, чиј капитал се проценува на околу половина милијарда евра.

Извор: Телма

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy