Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Полицајци за пари дозволувале незаконски престој во Македонија – кривична против 8 лица!
Македонија

Полицајци за пари дозволувале незаконски престој во Македонија – кривична против 8 лица!

21/08/2025

AA

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против шест полициски службеници и две други лица.

Од обезбедените докази произлезе дека првообвинетиот заедно со уште две лица, за кои истражната постапка е во прекин, сториле кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“. Лицата со искористување на своето претпоставено влијание, врз двајца обвинети полициски службеници, влијаеле истите да не извршат службени дејствија што би морало да ги извршат, со цел да му овозможат на турски државјанин, кој незаконски престојувал во РСМ, да се стекне со дозвола за привремен престој. Лицата за посредувањето примиле награда во износ од 900 евра, а обвинетите полициски службеници го прифатиле влијанието и ја злоупотребиле својата службена положба и овластување.

Со поднесеното обвинение полициски службеник, вработен на ГП Долно Блаце, е обвинет и за „Примање поткуп”. Тој од турски државјанин кој подолго време незаконски престојувал во државата индиректно побарал и примил подарок – парични средства во износ од 3000 денари за да изврши службено дејствие што не би смеело да го изврши. Тројца полициски службеници и НН лице посредувале во давањето на поткупот, при што двајца полициски службеници со патната исправа на турскиот државјанин оствариле фиктивен влез во РСМ, како услов за отпочнување на постапка за одобрување на привремен престој. На сличен начин му било овозможено на уште еден турски државјанин со незаконски престој да ја напушти територијата на РСМ без да биде евидентиран во системот за контрола на патници и возила и без да му биде наплатена прекршочна санкција. Имајќи предвид дека согласно одредбите од Законот за странци незаконскиот престој е прекршок за кој е предвидена прекршочна санкција – глоба во износ од 50 до 250 евра во денарска противвредност, обвинетите со своите дејствија го оштетиле и Буџетот на РСМ.

Во текот на истражната постапка се обезбедени и докази според кои обвинетиот – виш инспектор за странци и реадмисија од јули минатата година до април годинава со умисла искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности несовесно постапил во вршењето на своите овластувања и должности и за седуммина прибавил корист – право на привремен престој во РСМ. Постапувајќи по претходно поднесени барања за одобрување на привремен престој на седумте државјани од Бангладеш и Непал, обвинетиот не ги зел предвид негативните известувања од АНБ за постоење на безбедносен ризик и постапил спротивно на одредбите од Законот за странци носејќи решенија со кои на сите им одобрил привремен престој заради работа.

Истражната постапка беше започната во мај годинава кога 11 лица беа лишени од слобода, а две лица беа недостапни на органите на прогонот Во меѓувреме против едно лице е донесена Наредба за запирање на истражната постапка, а за две лица е донесено Решение за отфрлање на кривичната пријава. Едно од лицата недостапни на органите на прогонот е обезбедено и се наоѓа во екстрадиционен притвор во Р.Србија, а по другиот е активна меѓународна потерница.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy